Забава
Хали Бери ѝ даде инструкции на Мекој по коментарот дека не е добра во кревет

Хали Бери е актерка од врвна класа.
Неодамна се појавија гласини дека ѕвездата на хитот „Шифра сабјарка“ е „лоша во кревет“ по несоодветниот коментар на една од водителките на подкастот Cocktails with Queens.
Откако се појавија блогови кои го пренесоа разговорот на водителките на подкастот – Лиза Реј Мекој, Клаудија Џордан, Вивица Фокс и Силена Џонсон – оскаровката Бери дозна дека била спомната во лоша конотација и затоа во средата се огласи на социјалните мрежи за конечно да ја затвори темата.
Во твит во кој директно ѝ се обраќа на Мекој, Хали напиша: „Г-ѓа @ TheRealLRaye1, прашај го мојот човек Ван Хант, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“.
Сексуалната спосбност на Бери беше доведена во прашање кога домаќинките на подкастот зборуваа за сексуалниот живот на Тони Бракстон, и потоа едната од нив ја спомна Бери.
На прашањето дали сака да каже дека Бери „е лоша во кревет “ Мекој продолжи: „Така велат. Тоа е она што го прочитав, и така слушнав“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Свештеник излезе од црквата и со молитвеник застана до „ауди“ – виралното видео го насмеа регионот

Видео, наводно снимено пред Руската православна црква во Софија, неодамна се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално.
Во преден план е свештеник кој стои пред Ауди со крената хауба, а сцената заинтригира и насмеа многу гледачи во регионот.
На профилот „Икс“, една жена наведува: „Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на Ауди доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што еден механичар не може“.
In the heart of Sofia stands the Russian Church, built in 1914, all gold domes and quiet charm. These days, it’s also where Audi drivers line up for car blessings, hoping holy water fixes what their mechanic can’t. pic.twitter.com/9fjxFkSyYH
— една българка (@transbulgaria) August 3, 2025
Популарниот портал „господари.ком“, исто така, известува за виралното видео и пишува: „Се чини дека само во Бугарија сè треба да се освети, од станови до ресторани до автомобили“.
Свештеник во црна мантија стои пред автомобил, со отворена молитвеник, додека маж е до него. Не е познато дали е тоа сопственикот на возилото.
Забава
„Како шеќерна волна“: коментари за трудничкиот стајлинг на Ријана

Ријана (37) повторно привлече внимание со својот стил на облекување. Музичката ѕвезда, која го чека третото дете со А$АП Роки, во понеделник беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во необична, но скапа комбинација.
Таа носеше розово-портокалов фустан од брендот Issey Miyake, кој чини околу 2450 евра. Со фустанот имаше необични зелени патики вредни 237 евра. Стајлингот го дополни со златен накит, големи бели обетки и едноставна фризура, а нежната шминка го истакна нејзиниот природен изглед.
„Изгледа како мафин“
Луѓето на социјалните мрежи веднаш реагираа, а мислењата беа поделени.
„Не е нејзина најдобра комбинација, но сепак ја носи како кралица“, „Уф, изгледа како голем мафин“, „Не знам дали ми се допаѓа или не, изгледа како некој цвет“, „Шеќерна волна…“ беа само некои од коментарите на „Икс“.
Сепак, многу обожаватели ја бранеа пејачката: „Секогаш е беспрекорна“, „Го обожавам нејзиниот стил.“
Дали очекуваат девојче?
Ријана и А$АП Роки веќе имаат два сина, а неодамна таа проговори за мајчинството.
„Моите два принца имаат толку енергија што ме исцрпуваат секој ден“, рече за „Аксес Холивуд“ и откри дека малите се возбудени за новото бебе што наскоро доаѓа.
А$АП Роки на недамнешната премиера на „Штрумфови“ во Брисел можеби случајно го откри полот на бебето.
Во разговор со водителот Кевин Фрејзер од телевизијата ET, Фрејзер го праша Роки: „Дали е тоа девојчето што го очекувавте?“, на што 36-годишниот рапер без размислување одговори: „Да, човек, да.“ Сфаќајќи дека можеби открил премногу, А$АП Роки се обиде да го ублажи одговорот држејќи ја куклата Штрумфета и рече: „Еве ја, знаеш на што мислам? Еве ја тука.“
Парот е заедно пет години.
Забава
(Видео) Мајмун упадна во ресторан во Црна Гора, им го изеде ручекот на гостите

Инцидент се случи во ресторан во Сутоморе – мајмун скокна од дрвјата на маса, а гостите избегаа во паника.
Видео од ресторан на црногорскиот брег остави многумина во шок, а коментарите се слеваа со брзина на светлината.
Главниот виновник е мајмун што влегол во ресторанот среде бел ден и ги оставил гостите без ручек.
View this post on Instagram