Забава
Маја Оџаклиевска ја напушта сцената: „Уморна сум од сè “
Пејачката Маја Оџаклиевска при гостување во емисија, откако отпеа песна најави дека тоа е нејзиниот последен настап за збогување. По тој повод, таа истакна дека е уморна од сè и дека нејзиниот настап во шоуто е „убаво збогување“, на коешто никој не се надеваше.
„Овој пат ме потсетивте да ве кажам дека ова навистина би било убаво збогување, затоа ќе ве молам да не настапувам, да, знам дека ви се допаѓа тоа, но малку сум уморна од сето тоа. Јас ви простувам што ме поканивте, во во секој случај, благодарам и секако, нека биде ова убаво збогување“, рече пејачката.
Маја ретко се појавуваше во јавноста последните неколку години, а во тоа време се грижеше за нејзиниот внук Лука, на кого пред седум години му беше дијагностициран аутизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

