Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за кои структури од Бугарија одработува
Хистеријата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е на штета на државата и на сите граѓани, да каже за кои структури од Бугарија одработува, велат од владејачкиот СДСМ.
„Губитникот Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже за кои туѓи интереси одработува, со кои структури во Бугарија соработува кога, на она срамно дефиле пред малубројните поддржувачи пред Владата рече дека има ‘информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија’. Викендот помина, државата остана цела, Мицкоски не одговори кој му ја дал информацијата дека Македонија, наводно се распарчува и зошто нешто толку опасно не пријавил кај надлежните институции. ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.
Хистеријата што ја шири Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ.
Слично се однесуваше и за потпишувањето на преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги дека македонскиот идентитет е загрозен за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен. Граѓаните знаат кој го штити македонскиот идентитет, а кој им штети на државните и национални интереси и затоа ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе бидат во опозиција“, наведува СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

