Свет
Објавени нови детали за атентатот врз иранскиот научник
Иранскиот експерт за нуклеарно оружје, наводно, бил убиен од митралез, управуван со далечинско, објави Си-ен-ен.
Мохсен Факризадех беше убиен во петокот во близина на Техеран, а иранскиот врховен лидер Али Хамнеи и други ирански официјални лица го обвинија Израел за атентатот. Од самиот почеток, од Иран стигнаа разни информации за тоа како е убиен Фахризаде.
Новинската агенција „Фарс“ пишува дека Фахризаде патувал со жена во блиндиран автомобил обезбеден од уште три автомобили со негови телохранители. Кога слушнал нешто што звучело како пукање, излегол од возилото за да види што се случува, велат тие.
Во моментот кога излегол од возилото, пишува „Фарс“, далечински управуван митралез оддалечен околу 150 метри од автомобилот на Фахризаде, започнал да пука кон него и колоната возила. Фарс наведува дека Фахризаде бил погоден најмалку три пати. Неговиот телохранител исто така бил погоден, по што се случила експлозија на автомобилот.
Други ирански извори објавија разни реконструкции на атентатот, но секоја содржи експлозија и напад врз Фахризаде. Тие се разликуваат само по тоа што некои тврдат дека експлозијата се случила пред самиот напад, а некои дека се случила подоцна.
Кој беше Фахризаде?
Западните држави долго време го сметаа Фахризадех за водач на тајната програма за развој на нуклеарно оружје, која беше запрена во 2003 година. Израел и САД тврдат дека Техеран тајно се обидувал да го започне проектот, а Иран со години ги отфрла тврдењата дека сака нуклеарно оружје.
Иранските медиуми пишуваат дека Фахризаде бил висока и политичка стратешка фигура во Иран и дека работел како професор по физика. Тој исто така беше виш научник во иранското Министерство за одбрана и логистика на вооружените сили.
Кој и да стои зад нападот, сигурно ќе ги зголеми тензиите меѓу Иран, САД и сојузниците на САД во регионот во последните недели од мандатот на американскиот претседател, Доналд Трамп.
Тој повеќепати го обвинуваше Иран за тајно работење на атомска бомба и ги повлече Соединетите Држави од договорот меѓу Техеран и светските сили, со кои беа укинати некои економски санкции за Иран за време на мандатот на Барак Обама во замена за ограничување на нуклеарната програма.
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, најави дека ќе ги врати договорот.
„Ројтерс“ пишува дека анонимен американски официјален претставник претходно овој месец потврдил дека Трамп побарал од воените советници план за можен напад врз Иран, но дека подоцна се откажал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос
Свет
BBC одговори на тужбата на Трамп: Нема основа за тоа
Британската медиумска компанија BBC објави дека ќе се брани во судска постапка вредна пет милијарди долари што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп против неа. Трамп ги тужи поради спорното уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“, пишува BBC.
Во тужба поднесена во Флорида, Трамп ја обвинува BBC за клевета и кршење на законите за трговски практики. Неговиот правен тим тврди дека BBC го клеветила претседателот со „намерно, злонамерно и погрешно уредување на неговиот говор“.
Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.
Сепак, емисијата „Панорама“ прикажа клип во кој Трамп вели: „Ќе одиме пеш до Капитол… и јас ќе бидам таму со вас. И се бориме. Се бориме како луди“. Би-Би-Си призна дека таквото уредување создало „лажен впечаток“ дека Трамп „директно повикува на насилни дејствија“, но во исто време го отфрли тврдењето дека постои основа за тужба за клевета.
Портпаролот на BBC кратко рече: „Како што јасно ставивме до знаење претходно, ќе се браниме во овој случај. Нема да коментираме понатаму за тековните судски постапки“.
фото/депозитфотос

