Македонија
Санкционирани 167 возачи во Скопје

Во Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал, Таравари е последната жртва“, велат од „Влен“

„Али Ахмети 20 години ја претвора државата во приватен пазар за богатење на своето семејство. Додека синот, внуците и зетот градат фотоволтаични централи од 35 милиони евра, купуваат трговски центри вредни 30 милиони евра без да вложат денар, прават бизнис со мазут, тој ја врши работата на политички терен“, велат од „Влен“.
„За да го заштити овој огромен капитал, Ахмети постојано креира поделби и лажни алијанси меѓу албанските партии. Последната жртва е Арбен Таравари, кој од лидер што го нарекуваше ДУИ „канцер“ и Ахмети „корумпиран“, сега преговара со истиот човек и истата партија.
Таравари се полакоми по лажните ветувања: подрршка на локални избори, „неограничена добивки“ и лични привилегии. Но, историјата покажува дека секој што влегол во пазар со Ахмети, останал без доверба, без резултати и без иднина – додека семејството Ахмети станува сè побогато.
Нашата порака до Арбен Таравари е дека првиот чекор кон Ахмети е последниот чекор во кредибилитетот пред граѓаните. Албанците не простуваат акробација за личен интерес.
ВЛЕН нема да дозволи нови пазари со судбината на нашиот народ. Нула толеранција за корупција, транспарентна власт и обединување на сите искрени прогресивни сили – тоа е нашиот пат.
Кога Ахмети дели, ние обединуваме. Кога Ахмети пазари за свој ќар, ние се бориме за интересот на сите Албанци“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ

Изјавите на Мицкоски, во кои тврди дека цените се намалени, дека инфлацијата е намалена и дека сме биле први во Европа, се во целосна спротивност со секојдневната реалност на македонските граѓани, велат од СДСМ.
Очигледно, според нив, Мицкоски живее надвор од реалноста.
„Додека Мицкоски зборува за „економски успеси“, граѓаните се соочуваат со постојано зголемување на цените на основните производи, платите стагнираат а стандардот опаѓа. Тоа е реалноста во Македонија. Поскапувањата од една страна и стагнирањето на платите од друга страна го отежнува животот на граѓаните кои се принудени да се откажат од основни потреби за да го преживеат месецот. Според проекциите на Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проектирани само 2,7% раст на БДП оваа година“.
Ако се пресмета инфлацијата од 3%, додаваат од СДСМ, раст воопшто нема, односно економијата е во целосна стагнација.
Како што оценуваат, наместо да се фокусира на весели математики кои не ја одразуваат вистинската состојба, премиерот треба да се посвети на решавање на економските проблеми кои ги мачат граѓаните.
„Политиките на Мицкоски досега не донесоа подобрување на животниот стандард. Напротив, економската несигурност и социјалната неправда се зголемија“, истакнуваат од опозициската партија.
Македонија
Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.
Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.