Свет
„Бебешкото столче“ на Трамп стана хит на интернет, сите му се потсмеваат

Новинарите кои беа поканети на прес-конференцијата кај претседателот во заминување Доналд Трамп не можеа да се изначудат на глетката. Крупниот и висок 190 сантиметри претседател на најмоќната држава седеше на маса за „џуџиња“, објавија медиумите.
May this be how we remember the Trump presidency: a baby at his tiny little desk throwing a tantrum pic.twitter.com/T26DjF1fL4
— Parker Molloy (@ParkerMolloy) November 27, 2020
Фотографиите на кои се гледа американскиот претседател Доналд Трамп како седи во минијатурно столче на мала маса во Белата куќа изгледаат толку чудно и смешно, што не требаше долго за да станат нов „предмет на потсмев“ на социјалните мрежи.
I see no difference #tinydesk pic.twitter.com/6mRpPaIzaB
— morgan mayes (@Morgan_Mayes) November 27, 2020
По нивното објавување на Твитер, започнаа да се шират бројни смешни коментари и фотомонтажи.
Here’s the thing about the small desk Trump is sitting at. It’s like… a bill-signing desk. It’s meant to have a dozen or so people around it. I think it might be small so that more people can cram in for a photo op.
It is not intended to be a desk you sit at alone. pic.twitter.com/LOc0M1bImE
— Louie Mantia, Jr. (@Mantia) November 27, 2020
Во четвртокот, по повод американскиот Денот на благодарноста, Трамп одржа телеконференција со припадниците на американската војска, избирајќи исклучително необичен мебел. Новинарите поканети на конференцијата не можеа да не се изненадат од необичната глетка, бидејќи крупниот Трамп едвај седнал на минијатурнара маса.
— Acyn Torabi (@Acyn) November 27, 2020
По телеконференцијата, Трамп одговараше на новинарски прашања, а главната тема беше повторно наводната изборна измама, за која Трамп не престанува да зборува.
„Во еден момент, Трамп упадна кон дописникот на Ројтерс. Бесното лице на Трамп на малечката маса даде дополнителна причина за шеги на Интернет на негова сметка. Целата сцена изгледаше уште побизарна поради другите детали во собата. Зелениот тепих изгледаше како никој да не го чистел долго време, огромната подлога за микрофон создаде илузија дека Трамп е уште помал во столчето, а не украсената новогодишна елка дополнително ја „зачини“ ситуацијата. И додека сите се прашуваа од каде Трамп ја најде својата масичка, еден корисник на Твитер ја објасни нејзината цел. Ова столче не е наменето за такви прилики, туку за потпишување документи и повелби. Неговата цел е претседателот да седи кога зад него има многу луѓе, така што секој може да застане во кадарот за фотографирање“, пишуваат медумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Калас: Крајот на човечкото страдање во Газа е наш апсолутен приоритет

Крајот на човечкото страдање во Газа е наш апсолутен приоритет, овој циклус на смрт мора да се запре, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
На состанокот меѓу ЕУ и Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив, што се одржа во Кувајт, Калас рече дека мора да се искористи политичкиот моментум од Њујорк, објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
„Ги поддржуваме тековните напори за постигнување прекин на огнот, ослободување на заложниците и воспоставување политичка рамка за мир. Европската Унија е подготвена да придонесе за овој план со сите расположливи средства“, рече Калас.
Според неа, ЕУ е најголемиот хуманитарен донатор во Газа, основа нова Група на донатори за Палестина и останува најголем финансиски поддржувач на Палестинската самоуправа со 1,6 милијарди евра наменети за периодот 2025-2027 година.
ЕУ се обидува да добие улога во преодната влада на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, изјави Калас пред новинарите на маргините на состанокот. „Да, сметаме дека Европа има важна улога и дека и ние треба да бидеме вклучени во тоа“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали ЕУ сака да учествува во Комитетот за мир на Трамп.
„Европската унија е еден од главните донатори на помош за Палестинците и има врски и со Палестинската самоуправа и со Израел, истакна Калас. „Мислам дека Европа не треба да биде само давател на средства, туку и активен учесник“, рече таа.
Калас нагласи дека ЕУ работи на мировен план и соработува со арапските партнери. „Тие разбираат дека е во интерес на сите да бидеме присутни, па се надеваме дека и Израелците ќе се согласат со тоа“, додаде таа.
Фото: принтскрин
Свет
Путин разговараше со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и конфликтот во Појасот Газа.
„Владимир Путин имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“, објави веб-страницата на Кремљ.
Путин и Нетанјаху разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и во контекст на предложениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на проблемот во Газа.
Путин му го повтори на Нетанјаху цврстиот став на Русија во корист на сеопфатно решение за палестинското прашање врз основа на меѓународното право.
Дополнително, лидерите изразија интерес за наоѓање договорено решение за ситуацијата околу нуклеарната програма на Иран и стабилизирање на ситуацијата во Сирија, пренесува Танјуг.
Путин му го честиташе на израелскиот народ еврејскиот празник Сукот. Нетанјаху му ги изрази своите најдобри желби на рускиот претседател во пресрет на неговиот роденден, на 7 октомври.
Фото: принтскрин
Свет
Холандскиот премиер: Мислиме дека Русите стојат зад упадите со беспилотни летала, но нема докази

Холандскиот премиер Дик Шуф изјави за време на посетата на Киев дека европските земји веруваат дека Русија стои зад бранот мистериозни беспилотни летала низ целиот континент, но дека во моментов нема цврсти докази.
На прашањето на „Киев Индепендент“ дали постои консензус меѓу европските држави за одговорноста, Шуф одговори: „Да, секако. За жал, не можеме да докажеме кој стои зад тоа, но многумина мислат дека се Русите. Но, не можеме да го докажеме тоа“.
Беспилотните летала го нарушија воздушниот простор на најмалку осум европски земји во последните недели – Данска, Литванија, Финска, Естонија, Романија, Германија, Белгија и Холандија.
Неколку аеродроми мораа привремено да го запрат сообраќајот.
„Се надевам дека еден ден ќе можеме да докажеме дали Русите или некој друг стои зад ова. Но, навистина е загрижувачки што тие сега се појавуваат околу нашата инфраструктура, околу нашите аеродроми. Мислам дека треба да ги засилиме безбедносните мерки во тој поглед“, рече Шуф.
Фото: принтскрин