Свет
Ким Џонг-ун ја сопира трговијата со Кина поради корoнавирусот
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун одлучи дополнително да ги заостри мерките за спречување на ширење на коронавирус во оваа земја, прекинувајќи ја речиси целата трговија со Кина.
Претходно, медиумите објавија дека тој наредил егзекуција на двајца цариници поради несоодветно постапување со увезената кинеска стока.
Пекинг во октомври во Пјонгјанг извезол стока во вредност од само 253.000 американски долари, што е пад од 99 проценти во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците објавени од кинеската царинска управа. За споредба, тоа е помалку од вредноста на стоките што Кина ги извезуваше во Лихтенштајн и Монако во текот на октомври.
Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја, а пред ООН да воведат санкции за програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја во 2016 и 2017 година, Пекинг учествуваше со повеќе од 90 проценти од надворешната трговија на Пјонгјанг.
Сепак, според новите мерки, Џонг-ун е дури подготвен целосно да ја прекине трговијата со Кина за да спречи влегување на коронавирусот во Северна Кореја, дури и ако тоа значи прекинување на резервите на храна и гориво во земјата. Потегот се смета за уште поекстремен, со оглед на тоа што Кина пријавува само неколку дневни случаи на новозаразени со коронавирус во последните месеци.
Северна Кореја сè уште не го признала падот на трговијата, ниту наредбите за егзекуција на царинските службеници. Севернокорејските државни медиуми објавија за време на викендот дека властите спроведуваат нови, поостри епидемиолошки мерки низ целата земја, вклучително и зголемување на бројот на граничарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

