Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Половина раководство на СДСМ бара смена на Заев и се срами од него
Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што половина раководство му бара смена и се срами од него, наместо да врши дефокус од распродавањето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денес СДСМ порача дека Мицкоски успеал најбогатата партија во Европа да ја доведе до стечај.
„За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Рускоска обвинителството за притисоците и уцените кои ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме“, се наведува во партиската реакција.
Во неа се предупредува дека на повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде, како што се вели, се распродава идентитетот, јазикот, историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.
Соопштенија
Трајанов: Гласај за сигурна победа и убедлив резултат
Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија, вели Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.
Тој ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, масовно да излезат и да гласаат за кандидатите за градоначалници на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заокружувајќи го бројот 9.
„Во Скопје со масовно гласање за Орце Ѓорѓиевски (9), ќе ги победиме деструктивните, непринципиелни и подземни коалиции, кои смислено го парализираа градот Скопје. Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија“, вели Трајанов.

