Регион
Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО
Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две нејзини земјичленки – Грција и Турција – веќе се длабоко поделени и сега се појавија уште две земји кои се во судир, поради полемика стара два века на етничка основа, пишува Ставрос Цимас во коментар за „Катимерини“.
Според Цимас, и Бугарија и Северна Македонија се клучни регионални членки на алијансата. Бугарија за нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија и Северна Македонија како тампон против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот конфликт на влијание.
„Меѓутоа, НАТО се чини дека е нарушен од ривалството Софија-Скопје, сметајќи го за европско прашање што треба да го решат земјите членки на ЕУ. Приговорите на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за пристап, како што е потребата за зајакнување на демократијата и сузбивање на корупцијата; наместо тоа, тие се поттикнуваат од историски тврдења што предизвикуваат национализам од обете страни и во одреден момент наскоро ќе имаат влијание врз НАТО, освен ако не се решат овие разлики.
Антибугарската треска се зголемува во Северна Македонија, со благослов на политичкото раководство и медиумите, а ставот на Скопје кон Софија станува поагресивен. Индикативно е отфрлањето на барањето на Софија да учествува во воздушното полициско работење на НАТО во Северна Македонија, како и повлекувањето на интересот за бугарската нуклеарна централа Белене, и одбирајќи место тоа да се поддржи проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополи. Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичкиот врв многу се занимава со националистичките чувства, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската Империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека се оддалечуваат од виситнскиот пат, се вели во коментарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

