Македонија
Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус
Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 1.242 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.
Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56), тројца од Куманово (63, 78 и 62), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59), еден пациент од Тетово (62), двајца од Битола (66 и 85), еден од Кавадарци (76), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71), двајца од Струмица (63 и 77), еден пациент од Радовиш (67) и еден од Неготино (60). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62.945, бројката на оздравени пациенти е 40.188, на починати е 1.792, а бројот на активни случаи изнесува 20.965. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 27.464, активни 10.151
• Куманово 3.806, активни 896
• Дебар 465, активни 100
• Штип 2.717, активни 535
• Прилеп 3.091, активни 1.008
• Тетово 3.859, активни 910
• Струга 1.483, активни 440
• Велес 2.028, активни 678
• Битола 2.112, активни 882
• Охрид 1.638, активни 604
• Кавадарци 1.292, активни 491
• Гостивар 2.599, активни 922
• Гевгелија 754, активни 232 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.741, активни 564
• Крива Паланка 444, активни 136
• Радовиш 442, активни 121
• Крушево 132, активни 70
• Кочани 1.249, активни 237
• Пробиштип 365, активни 87
• Демир Хисар 202, активни 77
• Македонски Брод 173, активни 48
• Пехчево 100, активни 20
• Берово 367, активни 88
• Валандово 221, активни 66
• Виница 378, активни 148
• Делчево 462, активни 202 (135 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 154, активни 50
• Свети Николе 848, активни 230
• Кичево 1.287, активни 472
• Ресен 464, активни 184
• Неготино 608, активни 316 (79 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.012 теста се преку: ИЈЗ – 703, ЦЈЗ Скопје – 78, „Авицена“ – 263, „Биотек“ – 304, МАНУ – 219, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 256, „Систина“ со PCR-метода – 212, лабораторија „Лаор“ – 36, Судска медицина – 7, ЦЈЗ Битола – 1, Инфективна клиника – 2, ГАК – 9, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 38, лабораторија во болницата во Козле – 16, ЈЗУ (рапид-тест) – 802, УК Пулмологија со алергологија – 7, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.
Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.
Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.
Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.
Што да се прави, договор си е договорот“.
Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.
„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.
Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.
Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.
Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.
Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.
Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.
Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.
Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.
Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.
Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.
Македонија
МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари
Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

