Македонија
ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти
Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во овој период тестирани се 18.767 лица, што е 4,6% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а процентот на позитивни од тестирани во изминатата недела е 35,9%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (24,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (20,9%), 40-49 (18,7%), 50-59 (17,9%) и 20-29 (13,0%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,5%) и 10-19 години (3,9%).
По добиени два негативни теста за присуство на вирусот или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3% повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и четири случаи во возрасната група од 30-39 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

