Македонија
СДСМ: Апокалипса му се случува на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ

„Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски, кој сам се прогласи за хистеричен. Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија за економијата, апокалиптични сценарија здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо. А кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, Христијан Мицкоски е единствениот што посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина.
„Исто како што се однесуваше за време на пандемијата на коронавирусот – деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во однос на државните и националните интереси. Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).