Регион
„Фајзер“ инвестира во Грција, отвора работни места за 600 луѓе
Компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“ постигнаа голем успех, тие развија вакцина против Ковид-19, околу 95% ефикасна, која за прв пат ја регистрираше Велика Британија, од сите земји во светот.
На дебатата, во рамките на 31-от Економски самит во Грција, на кој присуствуваше и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, беше речено дека овој гигант од САД планира да инвестира во Грција и нејзината економија.
Имено, Бурла изјави дека неговата компанија во иднина ќе работи на развој на својата дигитална инфраструктура, а изборот падна на Солун, како еден од центрите на „Фајзер“.
Тој додаде дека, и покрај пандемијата што предизвика доцнење, 200 лица ќе добијат работа во Солун до крајот на годината, бидејќи, како што рече, тој е многу задоволен од нивните таленти и способности.
Бурла забележува дека 15-20% од апликациите за работа што ги прими Фајзер доаѓаат од Грци кои ја напуштија својата земја за време на кризата и сега сакаат да се вратат.
Всушност, тоа исто така открива дека концептот на „Фајзер“ вклучува создавање на втор центар во Солун што интерно ќе и служи на компанијата и ќе вработи уште 350 лица. Двата центри првично ќе имаат околу 600 работници.
Целта, продолжува Бурла, е двојно да се зголеми тој број.
„Гледаме како се менува околината во Грција. Тоа е земја што ве поканува да инвестирате во неа и јас сум многу среќен поради тоа, бидејќи тоа е моја земја. И знам дека светската заедница чувствува исто“, заклучи Бурла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

