Македонија
Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина
Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Ова во интервју за БНР го изјави професорот Владо Бучковски – поранешен премиер и министер за одбрана, кој неделава беше назначен за специјален пратеник за Бугарија.
„Верувам, и знам, дека додека разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и наши, работат на формулациите и верува дека е можно да се дојде до решение.
„Германското претседателство, што е голема поддршка, ние од Западен Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничката иднина“, рече Бучковски за БНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“, велат од партијата Левица
Во селото Ореовец (прилепско), се наоѓа Црквата „Св. Димитрија“, која е гробиштен храм изграден во 1874 година. Црквата претрпе огромни штети, по вршењето на минирањето од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, велат од партијата Левица.
„Штетата е настаната по минирањето во непосредна близина од страна на преплатениот од народни пари конзорциум, што предизвикало земјотреси чија последица се одразила и на овој објект. Во Црквата има фрески постари од 150 години – дел од нив изработени на дрво и кожа, кои освен што се од огромно значење за месното население, туку тие претставуваат и богато културно наследство за овој крај.
Од потресите, оштетени и испукани се ѕидовите на Црквата и ако се продолжи со минирање, голема е веројатноста да настанат штети од поголеми размери, што не ја исклучува можноста да се случи и нејзино целосно рушење.
Покрај штетата на Црквата, од минирањето: загрозени се извори на вода од кои и денес се снабдува Прилеп со вода; оштетени се куќи во селото Ореовец; се крева прашина која поради струењето на воздухот и релјефот на теренот целосно паѓа во Прилеп и прилепските села и се уништуваат ендемични видови на животни.
Прилепчани десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување. Пратеникот од редовите на Левица – Сашко Јанчев, присуствуваше на протестите и даде поддршка на блокадата.
Левица претходно го блокираше спроведувањето на договорот со „Бехтел и Енка” со илјадници амандмани. Сега најавуваме дека нашите активисти се спремни веќе и физички на терен да ја поддржат борбата на граѓаните“, соопшти партијата Левица.
Македонија
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев
Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапи по жалба на одбраната на осомничениот Н.Ѓ. изјавена против решение на судија на претходна постапка од 21.05.2024 година:
„Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.
Македонија
Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
Потсетуваат дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што како што велат е утврдено дека е спротивно на законите.
„А тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.
Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, се истакнува во информацијата од ДКСК.