Македонија
Регистрирани 984 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Охрид-28, Кавадарци-29, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-24, Крива Паланка-3, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-15, Валандово-2, Виница-1, Делчево-26, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-15.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти од: Скопје-264, Куманово-45, Штип-34, Прилеп-45, Велес-38, Битола-51, Кавадарци-18, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-4, Демир Хисар-5, Македонски Брод-8, Валандово-3, Виница-3, Свети Николе-17, Кичево-30, Ресен-7 и Неготино-12.
Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 29198, активни 10852
• Куманово 3992, активни 900
• Дебар 503, активни 137
• Штип 2871, активни 539
• Прилеп 3339, активни 1044
• Тетово 4070, активни 1071
• Струга 1603, активни 487
• Велес 2178, активни 715
• Битола 2373, активни 961
• Охрид 1781, активни 615
• Кавадарци 1438, активни 570
• Гостивар 2820, активни 1105
• Гевгелија 827, активни 279 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1842, активни 578
• Крива Паланка 479, активни 149
• Радовиш 465, активни 119
• Крушево 143, активни 75
• Кочани 1317, активни 255
• Пробиштип 387, активни 94
• Демир Хисар 208, активни 72
• Македонски Брод 183, активни 42
• Пехчево 107, активни 20
• Берово 412, активни 114
• Валандово 230, активни 66
• Виница 386, активни 132
• Делчево 532, активни 261 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 169, активни 46
• Свети Николе 891, активни 220
• Кичево 1366, активни 458
• Ресен 514, активни 208
• Неготино 687, активни 354 (102 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2995 теста се преку: ИЈЗ-781, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-320, Биотек-245, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -168, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-55, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-65, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -779, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев, оската на злото, ДУИ-СДС нема да избега од правдата

Не ги носи никој во „мрачниот српско-руски свет“ како што сеат магла Османи и ДУИ, туку во светот на одговорноста – пред лицето на законот, за целиот криминал и предавства што ги направи криминалната клика.
Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Венко Филипче и Зоран Заев можат колку сакаат да зборуваат за Европа и за вредности, но токму тие се синоним за криминални тендери, модуларни болници што гореа и убиваа луѓе, уништени институции, раскопана економија и тргување со националните интереси, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На Бујар Османи „рускиот свет“ му е Павлов рефлекс – веднаш кога нема што да каже, излегува со „руски“ или „српски свет“ и мисли дека со тоа ја завршил работата. Толку многу ги потценува Албанците што мисли дека нафта пијат, токму од онаа што луѓе блиски до ДУИ и до струмичките тајкуни кланови ја носеа во РЕК Битола. Османи има синдром на напуштена љубовница, која очајно сака да се расправа, надевајќи се дека ќе го импресионира својот лидер кој внимателно одмерува дали токму тој ќе биде наследникот.
Додека Албанците и Македонците заедно страдаа, мала корумпирана клика на оската на злото „ДУИ–СДС“ се богатеше на грбот на народот. Јахти, станови и милионски бизниси беа нивната вистинска агенда, додека граѓаните едвај преживуваа во сиромаштија и инфлација“.
Затоа, додаваат од партијата на власт, панично бараат алиби и кријат зад измислени стравови. Но, според ВМРО-ДПМНЕ, времето на ДУИ и СДС завршува. Ова, како што додаваат е време на правда и одговорност, време кога Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев ќе мора да одговараат пред законот, а граѓаните конечно ќе живеат во правна држава со европски вредности и чесни институции.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Разузнавачкиот систем бил ставен во функција против Мицкоски

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со цел задржување на СДС на власт, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„5 години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран. СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка. Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени,“ рече тој.
Петрушевски додаде дека „сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла“ и дека „цел систем на СДС е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките.“
Тој истакна дека недовербата на народот во судството и обвинителството е резултат на оваа злоупотреба: „Не е чудо што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните.“
Петрушевски нагласи дека за прислушкувањето и следењето мора да има одговорност и дека „овој случај не смее да помине неказнето, за никогаш повеќе да не се повтори.“
Македонија
Карпошани ќе одложуваат текстил во специјализирани екоконтеjнери

Друштвото за управување со отпад од текстил ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, денеска во основното училиште „Владо Тасевски“, во присуство на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го промовираше еколошкиот контејнер за собирање, селектирање, рециклирање преработка и отстранување на отпаден текстил на територијата на Општината.
Имено, ова овластено друштво за собирање и рециклирање на текстилен отпад, ќе постави ваков тип на контејнери во сите десет основни и сите четири градинки на територијата на локалната самоуправа. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски истакна дека на овој начин, сите граѓани, ќе можат да ги одложуваат своите стари и непотребни алишта во овие наменски и специјализирани еколошки контејнери, наместо да ги оставаат во класичните контејнери кои се наменети за селекција на ѓубрето кое се создава во домовите на граѓаните.
-Упатувам апел до сите Карпошани, непотребната облека, и сите текстилни материјали, кои им зафаќаат простор во домовите, а сакаат да се ослободат од нив, да ги одложуваат во овие специфични и наменски контејнери, за потоа истите преку рециклирање да имаат упоребна вредност. Од друга страна, неодамна во една акција за чистење на т.н дива депонија во населеното место Злокуќани, бевме сведоци, дека огромен дел од насобраниот шут и смет, беше токму текстилна облека од несовесни граѓани кои ја фрлиле на јавна површина. Затоа сега, кога веќе преку соработка со ова Друштво, обезбедуваме специјализирани еколошки контејнери, граѓаните имаат можност токму во нив да ги одложуваат старите и износени парчиња облека или друг вид на текстилен материјал, нагласи Јакимовски.
Општина Карпош и во иднина ќе работи на изнаоѓање на креативни решенија со кои ќе се унапреди соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓаните, во подигнување на свеста за селекција и рециклирање на разни видови на отпад, се со цел хигиената и чистотата на територијата на Општината да биде издигната на завидно ниво.