Соопштенија
ВМРО-Народна партија: Дискусијата на заедничката комисија за историски прашања добива комичен карактер

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи работата на заедничката Комисијата за историски прашања и жали што не се изнаоѓа решение кое ќе ги задоволи двете страни и затопли односите помеѓу двете држави, велат од партијата.
„Во таа насока ВМРО-Народна партија смета дека последниот проблем кој изникна од заедничката Комисија за историски прашања, а тоа е употребата на придавката „македонски“ навистина ја прави ситуацијата помалку ирационална па дури и трагикомична. Не можеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“ кога во целата бугарска историографија во последните 150 години придавката „македонски“ е максимално присутна и ја има скоро во секоја бугарска историска книга која се занимава со македонското прашање не навлегувајќи во тоа што тие подразбираат под зборот „македонски““, велат од партијата.
Дека ситуацијата оди во ирационален правец, додаваат од ВМРО-Народна партија, само ќе потсетиме дека има и такви институции кои во бугарската историографија инсистира на зборот „македонски“, а македонската пак историографија воопшто и не сака да слушне на тие места за зборот „македонски“ па еве неколку примери: Македонски врховен комитет, Македонска патриотска организација, Македонски братства, Македонски научен институт, Македонски преглед (весник), Македонско ополчение, Македонска единаесетта дивизија, Македонски културен дом.
„Ова се само неколку од многуте примери кои го потврдуваат моментот дека дискусијата веќе добива и комичен карактер ако ги иземеме секојдневните негативни емоции кои растат од ден на ден помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија. Се надеваме дека историчарите во иднина нема да создаваат нови пробелми таму каде што ги нема, а дека ќе ги решат на прифатлив начин таму кај што реално постојат“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Mint Credit Giveaway – лето со стил, лето со Mint!

Летото е време за авантури, нови спомени и уживање без грижи. А што ако ти кажеме дека ова лето може да биде уште повозбудливо? Со Mint Credit не само што добиваш кредит со 0% камата и трошоци, туку и можност да добиеш неверојатни подароци кои ќе ти го разубават секој ден.
Подароците што те чекаат
Во големиот летен GIVEAWAY подготвивме 9 фантастични подароци:
• 3x Дронови – долови ги најубавите летни пејзажи од птичја перспектива.
• 3x Polaroid камери – зачувај ги моментите со фотографии во рака веднаш.
• 3x Проектори – уживај во филмови и серии на големо платно, било каде.
Mint Credit нуди кредити по најповолни услови со брз и едноставен процес на аплицирање. Без долги редици, без непријатни изненадувања – само финансиска слобода и можност да го оствариш она што го посакуваш. Сега е совршено време да ги да ги направиш летните авантури уште попријатни со помош на Mint Credit.
Не чекај – ова лето направи го незаборавно!
Добиј подароци, создавај спомени и уживај во финансиска слобода со Mint Credit. Аплицирај лесно преку Mint App (достапна на Google Play и App Store) и остави Mint Credit да ги оствари твоите желби – летото никогаш не било повозбудливо!
Повеќе информации на 15 107 или на Mint Credit.
(ПР)
Соопштенија
Red Friday во „Сетек“ со жешки попусти до 60 отсто!

Сетек повторно ги изненадува купувачите со НЕВЕРОЈАТНИ летни попусти!
На 13 август, започнува големата акција Red Friday, со која сите ќе имаат можност да уживаат во екстремно намалени цени – и до 60%!
НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ акцијата, која важи во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk.
ИСКОРИСТЕ ГИ понудите za бела техника, лаптопи, телевизори, мобилни, апарати за домаќинство, гејминг опрема и уште многу повеќе.
„Со Red Friday ја носиме возбудата на Black Friday и во лето. Нашите клиенти ќе имаат можност да го опремат домот по навистина фантастични цени“, велат од Сетек.
Акцијата Red Friday трае до 17 август, па сите заинтересирани треба да побрзаат за да ги искористат најдобрите понуди во овој период од годината.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техничка стока – бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди. На пазарот во земјава Сетек работи повеќе од 30 години. Има 32 модерни салони и онлајн продавница. Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, премиум достава.
Сетек – насмевката е за техника!
(ПР)
Соопштенија
Стил, технологија и слобода во едно, дигитални аксесоари за секојдневно плаќање

Секојдневниот живот веќе одамна не го мериме во чекори, туку во секунди. Брзото станува норма, а едноставното, неопходност. Луѓето денес бараат слобода, движење без прекини, рутини што не ги забавуваат, туку ги следат. Во таков контекст, сè помалку имаме простор за непотребно. Паричниците и документите сè повеќе се претвораат во дигитални решенија кои живеат во уреди, наместо во џебови.
Секој технолошки напредок што ни ја олеснува секојдневната логистика не е само иновација, туку природен одговор на новиот начин на живеење. А токму ваквите мали промени, најчесто носат најголемо ослободување.
Кога часовникот станува паричник
GarminPay е систем за дигитален паричник што им овозможува на корисниците на Garmin паметните часовници да плаќаат бесконтактно и брзо, директно од својот уред. Преку мобилната апликација Garmin Connect, корисниците ги дигитализираат своите дебитни и кредитни картички од Visa и Mastercard, издадени од Халкбанк АД Скопје, и ги поврзуваат со својот часовник.
Плаќањето се врши на сите ПОС терминали што поддржуваат NFC технологија, со едноставно доближување на часовникот до терминалот, претходно внесувајќи лозинка и избирајќи ја картичката со која ќе се плати. Апликацијата Garmin Connect е достапна за преземање од Google Play и App Store, што овозможува лесна и сигурна активација на дигиталниот паричник.
Откако ќе се дигитализираат картичките, корисниците можат да плаќаат брзо и безгрижно, користејќи го единствено својот Garmin паметен часовник.
Кога стилот има функција
Со FidesmoPay, пак, прстените, алките и привезоците се претвораат во дигитални аксесоари за бесконтактно плаќање. Овој модерен и практичен начин на плаќање ви овозможува слобода да се движите без паричник или телефон, носејќи го со себе само стилскиот аксесоар што ве претставува.
Преку мобилната апликација Fidesmo Pay, вашата Mastercard картичка издадена од Халкбанк лесно се дигитализира и се поврзува со избраниот уред, овозможувајќи ви брзи и безбедни плаќања на сите ПОС терминали што поддржуваат NFC технологија.
Уредите може да ги набавите преку официјалните партнери Tapster и Paycelet, а при купување може да искористите попуст со кодот halkbank10 за Tapster и Halk20 за Paycelet.
На овој начин, технологијата и стилот одат рака под рака, носејќи ја иднината на плаќањето директно кај вас.
Сигурност што не прави компромиси
И Garmin Pay и Fidesmo Pay користат напредна технологија со високо ниво на заштита. Во случај на губење на уредот, со неколку клика во апликацијата може веднаш да се паузира или избрише дигиталната картичка. Корисниците дополнително имаат можност да активираат СМС известувања за секоја трансакција, со што се обезбедува постојана контрола.
Во случај на сомнеж за злоупотреба, картичката може да се блокира преку електронско банкарство, во филијала или преку контакт центарот Help24 на Халкбанк.
Иднината не е тренд, туку веќе реалност
Овие решенија не се само модерни, тие се функционални одговори, на новата реалност. Плаќањето станува лично, флуидно и без прекини. Со Халкбанк, бесконтактното секојдневие е тука , прецизно, сигурно и прилагодено на вашиот животен стил.
Следниот пат кога ќе излезете од дома, запрашајте се дали го носите часовникот или прстенот. Картичката? Веќе не ви е потребна.
(ПР)