Црна хроника
41-годишен маж пронајден мртов во Битола

Вчера во 8:25 часот во СВР Битола било пријавено дека во поранешниот интернат бил пронајден починат С.И.(41) од Битола. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух

Расправија помеѓу двајца скопјани завршила со пукање во воздух во Чаир.
МВР информира дека случајот бил пријавен вчера, а во расправаијата учествувале М.Х.(35) и Е.Џ., двајцата од Скопје, по што Е.Џ. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка.
Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година.
Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие.
Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Штипјанец принудувал младо момче да се задолжува во друштва за брзи кредити за да му даде 4.500 евра

Уапсен е 28-годишен штипјанец поради сомнеж дека во период девет месеци му се заканувал и присилувал 21-годишник да се задолжува на повеќе места.
Жртвата која истотака е од Штип, била оштетена за сума од 275.000 денари, околу 4.500 евра.
Според информацијата од МВР, во периодот од октомври 2024 до вчера, Ф.Ј. се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.