Македонија
Филипче: Со измена на програмата за имунизација чекор поблиску до ковид вакцината
 
																								
												
												
											Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска на седница на Влада поднесе предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година. Со измена на Програмата за вакцинација, сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за Ковид-19 преку Ковакс механизмот, нагласува министерот Филипче.
Програмата предвидува измени во делот за финансиски, средства како една од обврските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс механизмот ќе се обезбедата 833.000 вакцини, овие дози вакцини се за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација.
Вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, а испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и земјите од регионот Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија. Првата испорака на вакцини се очекуваат во првите месеци од 2021 година.
„Покрај овој механизам, Министерството за здравство започна преговори, односно достави формални барања за обезбедување вакцини уште преку два други механизми. Првиот е во директни преговори и со директна набавка од компаниите Фајзер у Астра Зенека кои ги произведуваат вакцините, а од каде наскоро очекуваме да имаме и формална понуда. Третиот механизам е преку Европската Унија за што е исто така формално побарано од делегацијата во Скопје и очекуваме информација. Што се однесува до набавката во рамки на Европската Унија, таа нарачува 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата“, вели Филипче.
Ковид вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани и нема да е задолжителна. Со почетокот на вакцинацијата нема веднаш да се намали ризикот од Ковид-19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените установи, но вакцинацијата и натаму доследното почитување на превентивни мерки можат значително да ја смената сликата на пандемијата.
Вирусот Ковид 19 ќе продолжи да циркулира и следниот период оттука мерките за превентива и заштита како носење маска, држење дистанца, негрупирање, хигиена на раце ќе бидат задолжителни и во периодот пред нас.
На приоритетната листа за вакцинација први ќе бидат здравствените работници кои работат со ковид, како и ризичните групи граѓани со зголемен ризик за Ковид 19, за кои вакцината ќе биде високо препорачана, но не и задолжителна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Николоски најави дополнителни средства за Брвеница и директен излез на автопат
 
														За општина Брвеница со идниот градоначалник Јовица Илиевски ќе реализираме нови проекти со специјален буџет преку Министерството за транспорт. Исто така донесена е одлука да се изгради нов влез и излез на автопатот. Политиката на национализам ќе доживее пораз и во општина Брвеница, а Јовица Илиевски ќе добие втор мандат за градоначалник, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средбата со граѓани во Брвеница.
„Успешните треба да се наградуваат и затоа во општината инвестираме во повеќе проекти кои целосно ќе го променат ликот и ќе го подобрат животот на жителите“, рече Николоски.
Тој појасни дека улицата „Браќа Јаниќ“ во општина Брвеница е дел од поголем проект што се реализира заедно со Светска банка.
„Тука инвестираме некаде околу 10 милиони денари за целосно уредување на улицата и ова ќе биде една прекрасна улица. Драго ми е што цела една нова населба се развива тука и драго ми е што општина Брвеница расте, луѓе доаѓаат и се доселуваат тука,“ изјави тој.
Николоски додаде дека по насока на Владата и Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на проект што беше децениско барање на жителите на општината — клучка која ќе ја поврзува Брвеница директно со автопатот.
„Знаете дека сега од едната страна има влез, од другата нема, така што ќе имаме целосно решение кое ќе овозможи директен излез на автопат на сите населени места кои гравитираат кон општината,“ рече Николоски.
Тој му честита на градоначалникот Илиевски што од првиот повик се искористени сите средства, а во рамки на вториот повик, како што рече, обезбедени се околу 60 милиони денари за реализација на десетина нови проекти.
„Се работи за исклучително успешен градоначалник, човек кој целосно ја трансформира општината. Свесен сум дека неговите опоненти заради тоа се нервозни, свесен сум дека има сериозна нервоза кај неговиот противкандидат, затоа што нема што да каже, не може да се пофали ниту со дела, ниту со проекти, ниту нешто оставил позади себе, и затоа оди на национализам. Тој национализам нема да помине и градоначалникот ќе добие втор мандат, а во вториот мандат првиот состанок ќе му биде со мене,“ изјави Николоски.
Тој најави дека Министерството за транспорт има резервирано дополнителни средства и дека за општина Брвеница ќе биде обезбеден специјален буџет. „Готовите проекти што ќе ги донесе градоначалникот ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт и ќе бидат реализирани, затоа што успешните треба да се наградуваат,“ порача Николоски.
Македонија
ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ во Центар
 
														Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници.
Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). На овие средби беше потврдена взаемната доверба, заедничката визија и определбата за општина што ќе биде пример за еднаквост, достоинство и меѓусебна почит.
„Нашиот Центар е пример за различност што обединува, и токму во таа различност е нашата најголема сила. За мене, тоа не е само политички став, туку лична определба. Верувам во Центар каде што сите – без разлика на вера, нација, возраст или социјален статус – ќе имаат еднакви можности да живеат подобро, да учествуваат во одлуките и да се чувствуваат вреднувани“, изјави Лабудовиќ по средбата.
Тој истакна дека во наредниот период, заедно со овие партнери, ќе работи на реални решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните: подобра инфраструктура, повеќе услови за младите, поддршка за образованието и вработувањето, како и вистинска интеграција на сите заедници во општинскиот живот.
„Центар треба повторно да стане место на доверба и заедништво, општина што слуша, почитува и делува – за секој граѓанин, во секое маало. Со оваа поддршка, испраќаме силна порака дека Центар може да биде симбол на современа, хумана и европска општина што ќе ги обедини луѓето околу доброто, а не околу поделбите,“ додаде Лабудовиќ.
Поддршката од ДПС и Демократската партија на Ромите е потврда дека визијата за Центар како дом на сите добива сè поголема сила и општествено признание. Таа е доказ дека заедништвото и почитта се темелите врз кои може да се гради вистинска иднина.
„Центар е наш заеднички дом. Со заедничка работа, љубов и искреност, ќе го направиме место на еднакви можности, достоинство и гордост за сите негови жители,“ порача Лабудовиќ.
Македонија
По шест децении ќе се гради нова амбуланта во Автокоманда
 
														Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска, во Министерството за здравство потпишаа заеднички договор за изградба на нова амбуланта во населба Автокоманда, што ќе функционира во рамки на Здравствен дом Скопје.
– Новата амбулантата ќе биде изградена на местото на постојниот дотраен и руиниран објект, што бил изграден непосредно по земјотресот во Скопје, во 1963 година. Изградбата на оваа амбуланта е добар пример за соработка меѓу централната и локалната власт, истакна министерот Алиу.
Општина Гази Баба и Министерството за здравство, согласно договорот ќе соработуваат во изготвување на потребната документација за основниот проект за изградба во сите фази и обезбедување проектна документација за што побрзо реализирање на овој заеднички проект.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											