Контакт

Економија

Ќе се продава ТЕЦ Неготино, ќе се гради хидроелектраната Чебрен

Објавено пред

Владата денеска донесе заклучоци да го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да започне постапка за изработка на физибилити студија за јавно приватно партнерство (ЈПП) или за продажба на ТЕЦ Неготино, како и да спроведе постапка за избор на трансакциски советник за евалуација во постапката за изразување намера за изградба на ХЕЦ Чебрен.

dobivaj vesti na viber

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и донесе соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.

Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на Националната установа – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, до донесувањето на новите детални-урбанистички планови за Охридскиот Регион кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (2020-2029), условите за изградба на објекти задолжително да содржат заштитно-конзерваторски мерки, кои ги утврдува Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Владата им укажува на општините Охрид, Струга и Дебрца, при издавање  одобренија за изградба на објекти да ги соопштат и условите согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (2020-2029) за задолжително исполнување на заштитно-конзерваторски услови, кои ги издава Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

На денешната седница се утврдени измени и дополнувања на Законот за заштита од бучава во животната средина, на Законот за планински патеки, на Законот за животна средина, на Законот за заштита на природата, на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, на Законот за водите и на Законот за генетски модифицирани организми.

Како предлози за изменување и дополнување на овие закони се предлагаат зголемени казни за прекршоци со цел да се превенираат сериозни прекршувања на законските решенија за овие аспекти за заштита на животната средина.

Дополнително со измените и дополнувањата што се предлагаат во Законот за квалитет на амбиентниот воздух за поголема ефикасност на мерките што произлегуваат од законот, се појаснуваат надлежностите и процедурите за изготвување и усвојување на планови за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови и се утврдуваат критериумите за тоа кои единици на локалната самоуправа се должни да подготвуваат и спроведуваат вакви планови.

Исто така измените и дополнувањата на законот дефинираат и надлежности на одредени органи на државната управа со цел да се олесни спроведувањето на одредени краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот при надминување на прагот на алармирање. Дополнително, се даваат овластувања на други државни инспекторати за вршење надзор во спроведување на краткорочните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Со измените и дополнувањата на Законот за животна средина се доуредува пропишувањето одредби со кои се дефинираат контаминирани подрачја, како и воспоставување правен основ за донесување методологија за идентификување на контаминирани подрачја, односно воспоставување одредби со кои се уредува постапувањето со контаминирани подрачја и се доуредува финансирање во животната средина.

Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија Информацијата за листа на документи и информации кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници, и донесоа заклучок со кој се задолжуваат министерствата, органите во состав на министерствата, самостојните органи на државната управа, самостојните државни органи кои одговараат пред Владата, јавните претпријатија основани од страна на Владата, акционерските друштва во државна сопственост, како и другите иматели на информации кои одговараат пред Владата, во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација на своите веб-страници да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Владата им препорачува на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, како и на имателите на информации основани од нив во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават документите и информациите кои се предвидени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Дополнително, Владата ги информира општините, како и имателите на информации основани од нив, дека реализацијата на сите нови капитални проекти за 2021 за локален развој од централниот буџет, капиталните инвестиции за локален развој од ТАВ програмата, потоа проектите за локален развој од програмите на Светска банка и од Европската инвестициска банка, како и програмите за енергетска ефикасност наменети за единиците на локалната самоуправа ќе бидат условени од целосното спроведување на препораките согласно владините политики за транспарентност и согласно обврските од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Владата денеска го утврди текстот на предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки.

Со овој закон се уредуваат условите за вршењето на развој, производство и промет на воени стоки, како дејности од интерес за одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, Предлог-законот ги утврдува условите и постапката за добивање согласност за вршење развој, производство и промет на воени стоки, дозволи и сертификат за имплементација на програма за внатрешна усогласеност, обврските на лицата вклучени во развој, производство и промет на воени стоки, надлежностите на органите вклучени во постапките во врска со развој, производство и промет на воени стоки, како и заштитата и безбедноста на развојот, производството и прометот на воени стоки.

На оваа седница Владата го утврди текстот на предлог-законот за преземање на административни службеници вработени преку вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност.

Целта на овој закон е да се распоредат нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку оваа програма во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје и акционерски друштва во државна сопственост.

Согласно изменувањето и дополнувањето на буџетот на Република Северна Македонија за 2020 на денешната седница е донесена одлука за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на нето-задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година, согласно која максималниот износ на нето-задолжување преку издавање на државни хартии од вредност во 2020 година изнесува 21.525.000.000,00 денари.

Овие средства ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2020 година, како и за делумно финансирање на 2021 година.

На денешната 26-та седница Владата го утврди текстот на предлог-законот за лобирање согласно препораките на ГРЕКО со цел да се воведат правила за односите на пратениците со лобисти и трети лица што настојуваат да влијаат врз законодавниот процес.

На оваа седница се донесени и одлуки за распоредување на набавената противпожарна опрема на општините Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за одржување заедничка владина седница со Владата на Република Косово предвидена за 25 јануари 2021 година во Скопје, и ги задолжи сите министерства до Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рок од 5 дена да достават предлози за можни прашања, теми за разговор, договори и меморандуми кои ќе бидат на дневен ред за потпишување на оваа заедничката владина седница.

На препорака на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го донесе Протоколот за полагање стручен испит за наставници и стручни соработници во услови на Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Халк Моби ПОС, ново дигитално решение за компаниите од Халкбанк

Објавено пред

Во денешното динамично и дигитално време, кога брзината, флексибилноста и едноставноста се клучни за успехот на секој бизнис, Халкбанк АД Скопје континуирано инвестира во иновативни решенија што ги следат потребите на современите трговци. Во таа насока, Банката ја воведува новата услуга Халк Моби ПОС (Halk Mobi POS), која што претставува напредно решение што овозможува прифаќање плаќања со картички директно преку мобилен телефон или таблет.

dobivaj vesti na viber

Практично решение и секогаш со вас

Халк Моби ПОС го претвора вашиот паметен уред, телефон или таблет, во сигурна алатка за наплата во продавница, на терен, на настани или при испорака кај клиент.

Процесот на користење е брз и едноставен. Потребно е да ја инсталирате апликацијата Халк Моби ПОС на својот уред и по активирањето, тој станува терминал за бесконтактни плаќања.

Купувачот само ја доближува својата картичка нана телефонот/таблетот, а трансакцијата се обработува во реално време и се потврдува за неколку секунди.

Клучни предности за вашиот бизнис

Со користење на Халк Моби ПОС, добивате низа значајни придобивки. Се овозможува прифаќање плаќања каде и да сте, без ограничување на локација, при што не е потребна дополнителна опрема, односно нема потреба од посебен ПОС уред. Трансакцијата е безбедна и брза, со високо ниво на заштита и моментална обработка. Се добива и преглед на сите трансакции во реално време, а со тоа и подобра контрола и транспарентност во работењето.

Ова иновативно решение е идеално за мали и средни бизниси, самостојни трговци и теренски продавачи кои сакаат брзо, безбедно и едноставно плаќање, каде и да се наоѓаат.

Едноставна постапка за аплицирање

За користење на Халк Моби ПОС, потребно е да се поднесе апликација во една од филијалите на Банката, по што барањето се процесира и услугата се активира во најкраток рок.

Со Халк Моби ПОС, Халкбанк АД Скопје продолжува да инвестира во дигитални решенија што им помагаат на бизнисите да растат, да бидат поконкурентни и поблиску до своите клиенти. Оваа услуга претставува сигурен партнер за секој трговец кој сака да понуди современо искуство за плаќање и да го унапреди своето работење.

За повеќе информации и активирање на услугата, посетете ја најблиската експозитура на Халкбанк или официјалната веб-страница на Банката.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Објавено пред

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница укажа дека доколку не се покачи минималната плата, Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила.

dobivaj vesti na viber

„И сега дури и немаме доволно работници, од други причини. Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем, затоа што никој повеќе не може и не сака да работи без пари“, рече Спасовски.

На собраниската седница на која на дневен ред е предлог-законот на СДСМ и коалицијата за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра, Спасовски нагласи дека покачувањето на минималната плата на 600 евра е прашање на консензус бидејќи се работи за интересите на граѓаните.

„Ако за Изборниот законик, кој директно ги тангира политичките партии и нивните интереси, можеме да постигнеме консензус, тогаш кои сме ние да не постигнеме консензус кога станува збор за граѓаните? Дали сме поважни ние како политички субјекти или се поважни граѓаните и нивниот животен стандард? Прво треба да седнеме и да постигнуваме договор за прашањата што ги засегаат луѓето, за нивните плати, за нивната егзистенција, за нивната сигурност. А не консензус да правиме само таму каде што се во прашање партиските интереси“, рече Спасовски.

Во образложението, Спасовски посочи дека кога се зборува за минимална плата и за создавање систем, треба да се има кредибилитет во однос на тоа што се предлага. Тој потсети дека благодарение на јасно воспоставениот систем во периодот на владата на СДСМ, минималната плата растеше.

„Во 2012 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, минималната плата беше 8.050 денари. Кога се презеде власта, во 2017-та беше 10.080 денари, а во 2017 година расте на 12.000 денари, па понатаму континуирано расте благодарение на системот што беше воспоставен, за да во 2024 година имаме минимална плата од 22.567 денари. Фактот дека минималната плата пораснала од 8.000 на 22.567 денари дава кредибилитет токму на СДСМ и коалицијата кои направија систем за раст на минималната плата“, рече Спасовски.

Тој потсети дека кога владата на СДСМ го носеше решението за раст на минималната плата, тогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа против таквото законско решение.

„Сегашниот гувернер на НБРМ, Трајко Славески, и ден-денес вели дека била погрешна политиката да се гради систем за раст на минималната плата и дека треба да живееме во времето во кое ВМРО-ДПМНЕ продаваше басни низ светот дека евтината работна сила ќе донесе инвеститори во Македонија. Тоа време заврши. Со години ги плашевте фирмите дека ако се зголеми минималната плата ќе пропаднат, а ги плашевте и работниците дека ако се зголеми минималната плата ќе останат без работа. После толку години од тој систем се покажа следново – фирмите наместо да пропаднат, растат, затоа што се зголемува продуктивноста на трудот, а работниците ги задржаа работните места“, рече Спасовски.

Притоа, Спасовски додаде дека барањето на синдикатите е оправдано, бидејќи трошоците на живот во секоја ставка рапидно растат.

„Прехранбени производи, здравствени услуги, комунални услуги, енергетика – сè има раст. Вие сте две години власт, ги имате институциите на системот, ги имате скоро сите општини под контрола. Ако не знаете, прашајте ги вашите градоначалници во колку општински совети доставија предлози за зголемување на комуналните такси на јавните претпријатија. И ќе ви биде јасно дека трошоците и понатаму растат и тие одлуки не се носат за да Владата ги плати тие трошоци, трошоците ги плаќаат граѓаните. И оттука доаѓа и барањето на синдикатот минималната плата да се зголеми на 600 евра, па понатаму да имаме и систем на раст на платите“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Економијата е стабилна, инфлацијата се движи кон 2,5 проценти – оценка од средбата во Народната банка

Објавено пред

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски остварија работна средба со Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на која дискутираа за клучните макроекономски показатели во државата, ценовната и финансиската стабилност, како и тековите на инфлацијата.

dobivaj vesti na viber

Соговорниците оценија дека економијата е стабилна и бележи солиден раст, а стабилниот курс на денарот во однос на еврото претставува важен фактор за зачувувањето на довербата во економијата, финансиската стабилност и конкурентноста на домашната економија.

Во однос на инфлацијата и ценовните флуктуации, соговорниците оценија дека веќе неколку месеци наназад се бележи стабилизирање на ценовните движења, а се очекува овие трендови да продолжат и во наредниот период. Проекција на Народната Банка е дека годишната инфлацијата ќе изнесува 2,5 проценти, додека на среден рок ќе се врати на историските 2 проценти.

Ристески, Стојкоски и Славески се согласија дека добрата соработка и координација помеѓу Народната банка, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат се значајни за носењето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата.

Заменик-министерот Ристески на гувернерот Славески и вработените во Народната банка им го честиташе големиот јубилеј – 80 години од формирањето на оваа институција, јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен институционален развој. Народната банка е модерна, професионална и кредибилна институција, со високо ниво на доверба кај јавноста и признат углед во меѓународните финансиски и централнобанкарски кругови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 час

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа2 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија2 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион3 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет3 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија3 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија3 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија4 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет4 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет5 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион6 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион6 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија19 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија19 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија21 час

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија23 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија1 ден

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија1 ден

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...