Македонија
Нови 1.120 случаи на коронавирус, починаа 28 лица
Во последните 24 часа се направени 2.993 тестирања, а регистрирани се 1.120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 916 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-52, Дебар-4, Штип-42, Прилеп-61, Тетово-35, Струга-29, Велес-41, Битола-79, Охрид-36, Кавадарци-24, Гостивар-62, Гевгелија-15, Струмица-24, Крива Паланка-12, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Пехчево-3, Берово-10, Валандово-3, Виница-10, Кратово-2, Свети Николе-14, Кичево-39, Ресен-2 и Неготино-26.
Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 30085, активни 10969
• Куманово 4097, активни 657
• Дебар 504, активни 119
• Штип 2926, активни 494
• Прилеп 3435, активни 974
• Тетово 4182, активни 1007
• Струга 1669, активни 453
• Велес 2268, активни 701
• Битола 2462, активни 906
• Охрид 1870, активни 567
• Кавадарци 1510, активни 577
• Гостивар 2920, активни 929
• Гевгелија 848, активни 258 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 148 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1895, активни 595
• Крива Паланка 493, активни 135
• Радовиш 484, активни 127
• Крушево 148, активни 78
• Кочани 1349, активни 254
• Пробиштип 390, активни 83
• Демир Хисар 212, активни 58
• Македонски Брод 186, активни 40
• Пехчево 114, активни 20
• Берово 439, активни 122
• Валандово 236, активни 54
• Виница 404, активни 134
• Делчево 562, активни 284 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 172, активни 47
• Свети Николе 920, активни 204
• Кичево 1387, активни 431
• Ресен 536, активни 212
• Неготино 747, активни 365 (110 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2993 теста се преку: ИЈЗ-523, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-295, Биотек-318, МАНУ -240, Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со PCR метода -80, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-23, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-48, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -907, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 352.735 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица
Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, извести Царинската управа.
Конкретно, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.
Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Македонија
Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на ДПМНЕ ги скрати парите откако истера кампања
„Во екот на локалните избори, владата на Христијан Мицкоски одобри средства на општините, а дел од нив беа и од унгарскиот кредит, за капитални проекти од областа на културата. Со овие проекти градоначалниците на ДПМНЕ си воеда предизбопрна кампања помпезно најавувајќи „обезбедени пари“ и „загарантирани“ проекти, само уште народот да им даде глас. Само неколку месеци подоцна, на еден ден пред Нова година, истата таа Влада со потпис на премиерот ги скрати речиси сите средства. Со ова власта на ДПМНЕ ја разоткри својата вистинска намера која не е реализација на проекти во културата туку предизборна политичка манипулација“, велат од партијата Левица.
„Со кратењето, од првично планираните 135,5 милиони денари за 13 проекти низ општините, Владата остави само 14,8 милиони денари за три селективно избрани проекти, додека останатите меѓу кои мултикултурниот центар во Аеродром, заштита на скопска чаршија, Исарот во Штип, конзервација и реставрација на фрескоживопис на црквата во Мокрино и низа други останаа со нула денари и со предизборните фалби и фотографии на градоначалниците на ДПМНЕ. Ова е јасен доказ дека културата била злоупотребена како предизборен маркетинг наместо да биде третирана како јавен интерес.
Дека Владата на Мицкоски воопшто нема намера да инвестира во општините, за проекти од културата, дополнително говори и фактот што наместо да се обезбедат средства за 2026 и 2027 година, Владата со одлука ги пролонгира во 2028 година, што практично значи ставање на проектите во фиока и нивно тивко умирање.
Левица укажува дека ова е само уште еден пример за класична изборна измама. Прво се ветуваат и одобруваат средства за политички поени, а по изборите парите се кратат, а граѓаните повторно остануваат излажани. Бараме од Владата да одговори зошто ги укинува средствата за најавените проекти и кој ќе понесе политичка одговорност за ова грубо манипулирање со очекувањата на граѓаните?“, се вели во соопштението на партијата Левица.
Македонија
„Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи“, велат од СДСМ
„Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, велат од СДСМ.
„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани.
Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, соопшти СДСМ.

