Црна хроника
Притвор за возачот што прегази пешак и побегна на патот Тетово – Јажинце
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за загрозување на безбедноста во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Осомничениот, на 6 декември, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На критичниот ден тој управувал со автомобил „форд ескорт“ и по регионалниот пат од Тетово кон село Пршовце возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот. Возејќи со поголема брзина низ населено место и по воден коловоз, не успеал навреме да запре, па со предниот десен дел од автомобилот удрил во пешак кој поминувал преку патот. По несреќата, осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку веднаш избегал од местото. Оштетениот од добиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

