Македонија
Во Македонија 504 нови случаи на коронавирус и 46 починати

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа 46 лица, од кои најголемиот број се од Скопје, а најмладиот е 28-годишен пациент, соопшти Министерството за здравство.
Потврдени се 504 нови случаи, а оздравени се 731 пациент.
Направени се 1.470 тестирања, а состојбата по градови е следна: Скопје – 174, Куманово – 15, Дебар – 21, Штип – 18, Прилеп – 36, Тетово – 47, Струга – 1, Велес – 31, Битола – 8, Охрид – 19, Кавадарци – 26, Гостивар – 27, Гевгелија – 15, Струмица – 12, Крива Паланка – 5, Радовиш – 7, Крушево – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 2, Валандово – 2, Виница – 1, Делчево – 6, Свети Николе – 15, Неготино – 10.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје – 252, Куманово – 18, Штип – 34, Прилеп – 47, Тетово – 22, Струга – 34, Велес – 35, Битола – 33, Охрид – 24, Кавадарци – 18, Гостивар – 39, Гевгелија – 5, Струмица – 12, Крива Паланка – 4, Радовиш – 6, Крушево – 60, Кочани – 5, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 2, Виница – 7, Кратово – 4, Свети Николе – 10, Кичево – 24, Ресен – 13 и Неготино – 13.
Починати се 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г). Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69.954, бројката на оздравени пациенти е 46.352, на починати е 2.023, а бројот на активни случаи изнесува 21.579.
Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).