Свет
Песков: Крим е руска суверена територија
Крим е суверена територија на Русија и земјата има право да стори сé што е потребно за да се гарантира нејзината безбедност во согласност со меѓународното право, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја резолуцијата за милитаризација на Крим иницирана од Украина и која беше усвоена во Генералното собрание на ООН.
„Во овој случај станува збор за суверена територија на Руската Федерација, која има слобода да стори сé што е потребно за да се обезбеди безбедност во рамките на меѓународното право и во рамките на своите меѓународни обврски“, нагласи Песков.
Во понеделникот Генералното собрание на ООН донесе резолуција за проблемот со милитаризацијата на Крим и делови на Црното и Азовското Море, поднесена од Украина.
„За“ резолуцијата гласаа 63 земји, 17 беа против, а 32 беа воздржани. Голем број земји, вклучувајќи ги Азербејџан, Либан, Обединетите Арапски Емирати и Узбекистан, воопшто не изразија мислење. Покрај Русија, меѓу земјите кои се спротивставија на резолуцијата беа Белорусија, Ерменија, Кина, Србија, Киргистан, Иран, Северна Кореја и Венецуела.
Резолуцијата ја повикува Руската Федерација, како окупаторска сила, да ги повлече своите воени сили од Крим. Исто така, Русија се повикува да престане да пренесува напредни вооружени системи, вклучувајќи авиони и ракети способни да носат нуклеарни боеви глави, муниција и воен персонал на украинска територија, објави руската новинска агенција Итар-ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.