Македонија
Блок: Холандија го поддржува почнувањето на преговорите кога ќе биде усвоена преговарачката рамка

Холандија го поддржува почнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија кога ќе биде усвоена преговарачката рамка, рекол холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, во телефонски разговор со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Министерот Блок ги поздрави постигнатите резултати на Северна Македонија во насока на реализација на европските интеграции, особено во контекст на носењето храбри одлуки за унапредување на добрососедските односи. Истакна дека Холандија го поддржува почнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија кога ќе биде усвоена преговарачката рамка. Холандија продолжува и во иднина да ѝ биде партнер на Северна Македонија во спроведување и продлабочување на ЕУ-реформскиот процес“, соопшти МНР.
Османи рекол дека Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја, што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјата.
Османи изразил благодарност за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, особено преку поддршка на судството, реформата на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.
„Високо го цениме холандскиот строг и фер принцип, што значително ни помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди“, посочил Османи.
Двајцата министри размениле мислења и за искористување на потенцијалите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и за надминување на предизвиците предизвикани од пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Македонија
Денес втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, јавува УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.