Македонија
(Видео) Општина Центар ги демонтира трафиките поставени кај Зелено пазарче
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар отстрани пет трафики спроти поранешна Градска болница, информираат општинските власти и додаваат дека акцијата е дел од активностите за отстранување на нелегално изградени објекти.
„Вкупно пет трафики денес ќе бидат отстранети со градежна механизација и трошоците за нивното отстранување ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на објектите“, се наведува во соопштението.
Во него се појаснува дека станува збор за 4 киосци и 1 трафика, лоцирани на улица 11 Октомври, на автобуската станица кај Зелен пазар, кои не поседуваат решенија за поставување времен објект.

„Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината денес пристапи кон присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите“, објаснуваат од Општина Центар.

Од таму додаваат дека акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, а ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

