Македонија
Во Македонија 929 новозаразени и 28 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 417, Куманово – 40, Штип – 20, Прилеп – 47, Тетово – 46, Струга – 31, Велес – 39, Битола – 46, Охрид – 33, Кавадарци – 23, Гостивар – 37, Гевгелија – 11, Струмица – 32, Крива Паланка – 7, Радовиш – 2, Крушево – 1, Кочани – 22, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 5, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 10, Свети Николе – 10, Кичево – 22, Ресен – 5, Неготино – 10 и еден во Кратово.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 1.068 оздравени пациенти од Скопје – 255, Куманово – 51, Штип – 40, Прилеп – 81, Тетово – 74, Струга – 23, Велес – 64, Битола – 33, Охрид – 31, Кавадарци – 40, Гостивар – 67, Гевгелија – 22, Струмица – 68, Крива Паланка – 11, Радовиш – 8, Кочани – 27, Пробиштип – 6, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 7, Берово – 15, Валандово – 6, Виница – 9, Делчево – 31, Кратово – 10, Свети Николе – 19, Кичево – 42, Ресен – 9, Неготино – 13 и тројца од Дебар.
Починати се 28 лица, петмина пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22 години), еден од Куманово (69), еден од Дебар (66), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82 години), двајца од Струга (59 и 69 години), еден од Велес (66), тројца од Битола (76, 69 и 61 година), еден од Кавадарци (57), еден од Гостивар (83), еден од Радовиш (80), еден од Крушево (64), еден од Кочани (65), еден од Пробиштип (78), двајца пациенти од Кратово (по 76 години) и еден пациент од Кичево (80). Од нив, двајца се починати надвор од, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70.883, бројката на оздравени пациенти е 47.364, на починати е 2.051, а бројот на активни случаи изнесува 21.468. Според досега завршените и корегирани епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 30.689, активни 11.042
• Куманово 4.155, активни 645
• Дебар 526, активни 136
• Штип 2.964, активни 457
• Прилеп 3.516, активни 920
• Тетово 4.274, активни 998
• Струга 1.699, активни 422
• Велес 2.338, активни 668
• Битола 2.514, активни 889
• Охрид 1.921, активни 560
• Кавадарци 1.559, активни 566
• Гостивар 2.982, активни 883
• Гевгелија 874, активни 257 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 151 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.939, активни 556
• Крива Паланка 505, активни 132
• Радовиш 493, активни 121
• Крушево 149, активни 74
• Кочани 1.374, активни 244
• Пробиштип 392, активни 71
• Демир Хисар 214, активни 53
• Македонски Брод 191, активни 35
• Пехчево 114, активни 20
• Берово 441, активни 109
• Валандово 241, активни 53
• Виница 409, активни 123
• Делчево 578, активни 269 (163 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 168, активни 27
• Свети Николе 945, активни 200
• Кичево 1.409, активни 382
• Ресен 542, активни 196
• Неготино 768, активни 360 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.758 теста се преку: ИЈЗ-509, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена -270, Биотек – 213, МАНУ – 168, Жан Митрев (Филип Втори) – 213, Систина со PCR метода – 177, лабораторија Лаор – 44, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 48, Инфективна клиника – 5, ГАК-13, Синлаб – 71, Ремедика – 19, лабораторија болница Козле – 20, ЈЗУ (рапид тест) – 893, УК Пулмологија со алергологија – 2. Досега во земјата се направени вкупно 357.102 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар.
Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.
Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.
„Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле“, велат од АХВ.
Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата“, додава АХВ.
Македонија
МЕД: Над 44 различни видови водни птици се попишани за време на зимското пребројување во Македонија
Над 35.300 единки од 44 различни видови на водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици.
„Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското Езеро се бележат флуктуации, додека промените на Охридското Езеро се најдинамични. Причините за овие промени ќе се утврдуваат откако ќе се разгледаат сите фактори што би можеле да влијаат на ваквите податоци и во контекст на пребројувањата од другите европски земји“, истакнува Данка Узунова, орнитолог и проектна координаторка во Македонското еколошко друштво (МЕД).
Овдешното зимско пребројување на птици се прави истовремено на целата територија на трите природни езера во сите држави, поради што во него учествуваат и соработници од Националниот парк „Галичица“, Паркот на природата „Езерани“, Друштвото за заштита и зачувување на природната средина од Албанија (PPNEA) и од Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Националниот парк „Езеро Керкини“ од Грција. Освен тоа што ја координира акцијата на македонската страна и ги обработува собраните податоци, МЕД исто така ги советува и насочува волонтерите во броењето на птици.
„Меѓу луѓето кои доаѓаат на терен има научници и професионални истражувачи, но и вљубеници во природата со голема страст за птиците, кои своето слободно време доброволно го поминуваат со нас, на отворено, пред телескоп, со двоглед или фотоапарат в рака. Нивниот придонес е исклучително скапоцен, а за возврат имаат можност да стекнат нови познанства, да си го надградат знаењето и да уживаат во глетките коишто понекогаш се баш несекојдневни“, истакнува Узунова.
Зимското пребројување во земјава е дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици којшто се случува полни 60 години, со што се вбројува меѓу најголемите и најдолго спроведуваните програми за граѓанска наука во светот. Од 1967 година до денес, со зимските пребројувања се посетени над 67.000 влажни живеалишта во 189 земји и територии, почнувајќи од крајбрежните области на Северна Европа до тропските речни устија во Азија и Африка. На овој начин досега се евидентирани речиси 2 милијарди птици и идентификувани се илјадници водни живеалишта од меѓународно значење.
Македонија
Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата
Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми.
Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби.
Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.

