Македонија
Мицкоски до Гир: Власта навидум се залага за борба против корупцијата, но всушност го штити криминалот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски остварил средба со претставникот на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, информираат од опозициската партија.
На состанокот се зборувало за моменталната политичка состојба во Македонија, како и за ветото на Бугарија.
Мицкоски посочил дека не е европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои, како што рекол, се дел од личната карта на еден народ.
Соговорниците се согласиле дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.
Мицкоски притоа посочил дека на премиерот Заев му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите кои му се нему блиски.
„Tреба да се обрне внимание на борбата со криминалот и корупцијата, кои, за жал, се на катастрофално ниво поради отсуство на волја од страна на власта. Имено, кај власта имаме само декларативна желба за справување со корупцијата, но во принцип истата се става во заштита на криминалот“, истакнал тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воедно му се заблагодарил на евроамбасадорот Гир за поддршката која земјава ја добива од Унијата, како и силните заложби за демократизација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

