Македонија
Потврдени 613 нови случаи на коронавирус во Македонија, 25 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 613 нови случаи на коронавирус, 25 лица починаа, а оздравени се 688 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.837 тестирања, а по градови состојбата е следна: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје-251, Куманово-38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45, Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.
Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.
Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) СДСМ обвинува: Влада на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за Еразмус+

СДСМ обвинува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал со назначувањето на в.д. директорката на Националната агенција која располага со средствата од Еразмус+.
Претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, истакна дека Ана Михајлов, првиот човек на агенцијата е под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами. Според СДСМ, ова ја урива довербата на младите во институциите.
СДСМ тврди дека назначувањето било направено „во координација“, но без согласност од Европската унија, која експлицитно го оценила огласот како нелегитимен и барала повторно објавување за нови кандидати.
Според свиркачите, причината за тоа е кандидатурата на Ана Михајлов, која од 2014 до 2017 година, заедно со Дорина Ѓорчева, доделила преку 8 милиони евра, што според СДСМ е предмет на истрага за можна проневера на европски средства.
Манасков исто така го спомена Бошко Нелкоски, првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка, како и поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“.
СДСМ бара Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов и да обезбеди услови истрагата на ОЈО да продолжи, а Обвинителството да постапи по наодите на ОЛАФ и сите инволвирани во скандалот да одговараат.
Македонија
Скопјанец под истрага за илегално држење и продавање марихуана

Скопското Обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот 23-годишник, во автомобил „опел корса” неовластено држел 57 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 72 грама, наменети за натамошна продажба.
Автомобилот бил во негова сопственост и одреден период оставен на паркинг на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”. По претходна пријава возилото било обезбедувано под надзор на полициски службеници.
На 27 јуни осомничениот се доближил до автомобилот и бидејќи не можел да си ги пронајде клучевите, насилно го скршил задното стакло, по што извлекол црна најлонска вреќа со повеќе пакувања марихуана и дигитална вага. Веднаш бил забележан од полицијата, па ја фрлил вреќата и се дал во бегство.
Не бил достапен на органите на прогонот до 11 август кога сам се пријавил во полициска станица, што за јавниот обвинител е потврда на ризикот осомничениот со бегство да го избегнува кривичниот прогон.
Исто така постојат особени околности кои укажуваат на опасност да го повтори делото, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Лимани: Конечно го деблокиравме процесот на полагање стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска во изјава за медиуми го најави започнувањето на полагањето за стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи, процес кој беше во застој од 2023 година.
Во своето обраќање пред медиумите тој истакна дека лиценцата за работа за воспитувачи, негувателки, стручни работници, соработници и директори е задолжителен предуслов за вработување во градинките.
„Поради нефункционален електронски систем за полагање, голем број кандидати не можеа да пристапат кон испитот, што предизвика застој токму кога имавме најголема потреба од кадар во градинките на национално ниво. Со цел надминување на оваа ситуација, извршивме измени во Законот за заштита на децата, со кои се овозможи стручниот испит да се спроведува во хартиена форма како привремено решение, до 1 јануари 2026 година. По тој рок, процесот на лиценцирање ќе продолжи електронски,“ истакна Лимани.
Денеска полагаат околу 350 лица, а до крајот на овој месец, уште 350 кандидати ќе имаат можност да го завршат овој важен процес и да се стекнат со соодветна лиценца за работа.
„Сакам да нагласам дека сите пристигнати барања за стекнување со лиценца детално се разгледуваат, и секој барател ќе биде исконтактирано од страна на Комисијата. Министерството останува посветено на создавање фер, инклузивен и ефикасен систем на детска заштита,“ посочи Лимани.
Министерот истакна дека со законската измена се создаваат услови за нови вработувања и се поддржуваат млади професионалци кои ќе придонесат во градењето на иднината на нашите најмлади генерации.