Забава
(Видео) „Сè што сакам за Божиќ“ на Мараја Кери на врвот на топ-листите во Британија по 26 години

Завршувајќи го патувањето што траеше 26 години, хитот на Мараја Кери All I Want For Christmas Is You („Сè што сакам за Божиќ си ти“) стигна до место број 1 на табелата за синглови во Велика Британија.
Преземен од албумот на Кери Merry Christmas („Среќен Божиќ“) од 1994 година, модерниот класик првично не успеваше да го освои првото место кое му припаѓаше на хитот на „Ист 17“, Stay Another Dаy.
Сепак, Кери конечно се искачи на врвот оваа недела, откако беше емитувана неверојатни 10,8 милиони пати.
„Среќен Божиќ Велика Британија! Конечно успеавме!” рече Кери кога ја слушна веста.
„Го одржуваме божиќниот дух жив сите заедно и покрај тоа што оваа година беше жална“.
Кери ја претрка Аријана Гранде на врвот на топ-листите, во време кога божиќните песни продолжуваат со годишното преземање на топ 40.
Празничните песни заземаат 22 од најпродаваните музички записи на неделата, со шест во првите 10 – вклучувајќи ги Last Christmas на „Вем“ на второто место и Fairytale Of New York на Кирсти Мекол на местото четири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нина Бадриќ се јави од Хвар: „Да се биде на островот во овој период од годината е благослов за мене“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ неколкуте слободни денови ги искористи за одмор на море. Таа отишла на островот Хвар каде има викенд куќа.
Нина на Инстаграм објави фотографии од островот и опиша како е да се биде таму во овој период од годината.
„Да се биде на островот во овој период од годината е најголемата среќа за мене. Чувството на овој мир. Одлична недела за големите, малите и најважните работи во животот“, напиша таа.
Забава
Ако ви е тешко на работа, Меган Маркл има решение за вас

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ги повика жените кои се соочуваат со исцрпеност на работа да „бидат храбри и да побараат помош“ во најновата епизода од нејзиниот поткаст Confessions of a Female Founder. Зборувајќи со нејзината пријателка Решма Сауџани, основач на организацијата Girls Who Code, 43-годишната Меган ја истакна важноста да се стави сопственото здравје на прво место.
„Храброста што ѝ е потребна на една жена-основач, кога е на тоа патување, во таа секојдневна борба и кога поставува одредени очекувања… Храброста што е потребна за да се каже „ми треба помош“ или „ми треба пауза“ е огромна“, рече Меган.
Меган додаде дека „нема шанси да продолжите да бидете пример за младите жени ако тоа не го правите со целосна автентичност бидејќи сте блиску до изгорување“. Таа потоа цитираше дело од книгата за деца „Момчето, кртот, лисицата и коњот“.
„Цитатот гласи: „Која е најхрабрата работа што некогаш сте ја кажале?“, го праша момчето. „Помош“, рече коњот.
Поради оваа изјава Меган е мета на потсмевни коментари со оглед на тоа дека на некој исто толку привилегиран како неа му е многу полесно да побара помош или да се одмори од работа. За повеќето „обични“ луѓе, живеат од плата до плата, идејата за пауза е речиси незамислива.
Забава
Викторија Бекам го слави својот 51 роденден, Дејвид и испрати емотивна честитка

Викторија Бекам го слави својот 51 роденден. Дејвид Бекам и испрати емотивна честитка на Инстаграм.
„Среќен роденден на најневеројатната сопруга, мајка и најдобрата пријателка што би можеле да ја посакаме. Имај го најсовршениот ден затоа што тоа го заслужуваш, а ние многу те сакаме“, напиша Дејвид во објавата во која ги означи и нивните деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.
Дејвид објави неколку фотографии со Викторија од почетокот на нивната врска. На објавата додаде и фотографии од Викторија кога таа била девојче, како и фотографија од нив заедно со нивните деца. Објавата брзо доби половина милион лајкови.
„Толку многу те сакам мамо. Ти ни пружи безусловна љубов уште од првиот ден и оттогаш не престана“, напиша синот Круз во коментар под објавата.