Свет
Шведска ги затвора сопствените нуклеарни централи, а гради нови во Естонија
И покрај тоа што требаше да затвори една од своите нуклеарни централи од причини поврзани со безбедноста на животната средина на крајот на годината, државната шведска енергетска корпорација „Ватенфал“ постигна договор да помогне во изградбата на нови во странство со Естонија, пренесува „Спутник“.
„Се согласивме дека ќе работиме заедно на проект за да видиме дали е можно да се изградат мали модуларни реактори во Естонија”, изјави за националниот радиодифузер СВТ, Торбјерн Валборг, раководител на производство на електрична енергија во „Ватенфал“.
Естонскиот партнер на „Ватенфал“, „Ферми енергија“, веќе ја планира точната локација на нуклеарните централи. Според „Ватенфал“, нуклеарните централи можат да бидат во функција за десет години.
„Да, тоа е прилично конкретен проект. Постојат две локации што се потенцијални “, рече Валборг.
Сепак, одлуката на Шведска за изградба на нови нуклеарки во странство додека дома ги затвора нуклеарките зачуди многумина.
„Мислам дека е неверојатно што ја прекинувате нуклеарната енергија во Шведска истовремено со инвестициите во нуклеарна енергија на Балтикот. Би сакал да видам нешто слично направено во Шведска“, изјави за СВТ, Ларс Хјелмеред, портпарол за енергетска политика на партијата Модерати.
Vattenfall satsar alltså på ny kärnkraft i Estland. Och stänger samtidigt Ringhalsreaktorer i förtid?
”Vattenfall fördjupar samarbetet om små modulära reaktorer i Estland” https://t.co/GybM3zMVKJ
— Jan Ericson (@Ericson_ubbhult) December 12, 2020
„Ватенфал инвестира во нова нуклеарна енергија во Естонија додека ние предвреме ги затворивме реакторите во Рингхалс?, твитна пратеникот на Модератите, Јан Ериксон.
„Државната „Ватенфал“ ја исклучува нуклеарната енергија во Шведска, но гради нови реактори во нашите соседни земји. Владата сака да го затвори ‘Брома’ и го одложува проширувањето на ‘Арланда’, но инвестира во нови аеродроми во Виетнам. Дали сметате дека политиката на коалициската влада е логична?, твитна модератот Ларс Бекман.
Statliga vattenfall lägger ned kärnkraft i Sverige men bygger nytt i våra grannländer. Regeringen vill lägga ned Bromma och försenar Arlandas utbyggnad men investerar i nya flygplatser i
Vietnam. Tycker du att mp/s regeringens politik är logisk?
https://t.co/nbZJIyqbgL— Lars Beckman (@beckmansasikter) December 12, 2020
Министерката за животна средина, Изабела Ловин, одби да ја коментира нуклеарната соработка на „Ватенфал“ во Естонија, проследувајќи го прашањето до министерот за трговија и индустрија Ибрахим Бајлан. Тој, пак, ги препрати сите прашања назад до „Ватенфал“.
Од 1979 година, кога се случи првата голема нуклеарна несреќа во електраната на островот Три Мајл во близина на Харисбург, Пенсилванија, ставовите за нуклеарната енергија во Шведска се променија.
На референдумот во 1980 година се донесе одлука за постепено укинување и деактивирање на нуклеарките. Нема да се случи понатамошно проширување на нуклеарната енергија, а постојните реактори ќе бидат затворани со стапка неопходна за секторот за електрична енергија да ги задржи работните места и благосостојбата.
Во 2005 година, АЕЦ „Барсебек“ беше затворена, пред сè поради нејзината близина до данскиот главен град Копенхаген и поплаките на Данците со децении. Последователно, два од трите реактори во Оскаршам беа затворени, а беше донесена одлука и за затворање на два од четирите реактори во Рингалс.
Досега, производството на електрична енергија беше заменето со зголемување на енергијата кај другите реактори и проширување на енергијата на ветерот. Во Шведска моментално има 12 реактори исклучиво за производство на електрична енергија, од кои седум се во комерцијална употреба. Сите реактори се на лесна вода и користат збогатен ураниум како гориво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски одлучи: Шефот на разузнавањето ќе го замени вториот најмоќен човек во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Кирило Буданов, директор на украинската воена разузнавачка служба, за нов шеф на Кабинетот на претседателот.
„На Украина во овој момент ѝ е потребен посилен фокус на безбедносните прашања, развојот на Одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и на дипломатскиот колосек во преговорите, а Кабинетот на претседателот пред сè ќе служи за исполнување на тие задачи“, изјави Зеленски.
Овој потег следува по големата кадровска промена на крајот на ноември, кога беше разрешен Андриј Јермак, долгогодишен шеф на Кабинетот на претседателот и еден од најблиските соработници на Зеленски. Разрешувањето се случи во период кога Украина беше погодена од најголемиот корупциски скандал од почетокот на руската инвазија.
Кирило Буданов, 39-годишен генерал-полковник, ја води Главната разузнавачка управа (ГУР) од 2020 година. Под негово раководство, ГУР се разви во една од клучните и најефикасните институции на украинскиот безбедносен апарат.
Буданов во меѓувреме стана едно од најпрепознатливите имиња во Украина, а службата што ја води ужива репутација на една од најкомпетентните државни институции.
Фото: Depositphotos
Свет
Родителите на исчезнатиот тинејџер: Се’ уште се надеваме дека ќе го пронајдеме
Летиција Бродар го бара својот исчезнат 16-годишен син Артур. „Си-ен-ен“ известува дека Артур бил со десетина пријатели на новогодишната ноќ во барот што се запали во Швајцарија.
Летиција и нејзиниот сопруг Кристоф, кои живеат во швајцарскиот град Лозана, рекоа дека често се собирале во скијачкиот центар.
Кристоф рече: „Целосно сме скршени. Мислиме дека сè уште може да биде жив и затоа сè уште се надеваме дека ќе го пронајдеме.“
Тој додаде: „Нарачаа шише шампањ со прскалка. Минута или две подоцна беше тотален хаос.“
Сите тела на жртвите сега се извадени од барот Le Constellation, изјави швајцарски функционер за Ројтерс.
Полицијата е сè уште на терен и ја продолжува истрагата за причината за трагедијата.
Според сведоштвата на преживеаните и видеата што се појавија на социјалните мрежи, можно е таванот барот да се запалил кога прскалките се приближиле до него, што го разгорело пожарот.
Потврдена е смртта на 47 луѓе.
Свет
Тинејџерка раскажа дека не влегла во барот во Швајцарија бидејќи редот бил предолг: „Можевме да бидеме ние“
Осумнаесетгодишната девојка од Женева изјавила дека не била во барот Le Constellation само затоа што редот за влез бил предолг.
Ема изјави за „Ројтерс“: „Можевме да бидеме ние. Редот беше огромен, па решивме да не влеземе. Ја гледам листата на исчезнати лица и сите се луѓе на наша возраст“.
Седумнаесетгодишната Елиса Соуса исто така требало да биде во тој бар, но на крајот отишла на семеен собир.
„Искрено, ќе морам сто пати да ѝ се заблагодарам на мајка ми што не ме пушти да одам бидејќи Бог знае каде би била сега“, рекла таа.
Аксел бил во подрумот кога избувнал пожарот и рекол дека успеал да избега за чудо.
Превртел маса и се скрил зад неа за да се заштити од пламенот, а потоа успеал да се качи на горниот кат.
„Не можевме ништо да видиме, речиси се задушував“, рече тој.
За да избега, ја искористил масата и нозете за да го скрши прозорецот, избегнувајќи го единствениот излез низ вратата.

