Македонија
26 починати и 213 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на Ковид-19, и тоа: во Скопје-103, Куманово-16, Штип-9, Прилеп-9, Тетово-16, Струга-4, Велес-5, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-19, Гостивар-9, Струмица-3, Радовиш-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Делчево-3, Свети Николе-2, Неготино-5 и еден во Кратово.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 632 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје-169, Куманово-33, Штип-36, Прилеп-57, Тетово-21, Струга-20, Велес-33, Битола-43, Охрид-26, Кавадарци-27, Гостивар-34, Гевгелија-13, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-4, Валандово-4, Виница-3, Свети Николе-13, Кичево-25, Ресен-8, Неготино-19 и двајца од Кратово.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60 години), тројца од Куманово (62, 72 и 80 години), еден од Прилеп (70), четворица пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60 години), еден од Струга (62), тројца од Битола (80, 60 и 66 години), еден пациент од Охрид (69), еден од Гостивар (69), еден од Струмица (80), еден од Крушево (69), еден од Виница (58), еден од Делчево (78) и еден пациент од Свети Николе (69). Од нив двајца се починати вон, другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.851, бројката на оздравени пациенти е 50.046, на починати е 2.147, а бројот на активни случаи изнесува 21.658. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 31.871, активни 11.307
• Куманово 4.285, активни 639
• Дебар 562, активни 165
• Штип 3.072, активни 437
• Прилеп 3.675, активни 893
• Тетово 4.411, активни 976
• Струга 1.785, активни 441
• Велес 2.451, активни 661
• Битола 2.654, активни 843
• Охрид 2.042, активни 591
• Кавадарци 1.717, активни 630
• Гостивар 3.087, активни 807
• Гевгелија 945, активни 285 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.007, активни 568
• Крива Паланка 525, активни 122
• Радовиш 523, активни 127
• Крушево 150, активни 71
• Кочани 1.429, активни 251
• Пробиштип 408, активни 67
• Демир Хисар 219, активни 45
• Македонски Брод 198, активни 32
• Пехчево 120, активни 22
• Берово 452, активни 105
• Валандово 254, активни 55
• Виница 418, активни 120
• Делчево 605, активни 293 (172 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 172, активни 25
• Свети Николе 980, активни 196
• Кичево 1.448, активни 349
• Ресен 563, активни 178
• Неготино 823, активни 357 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 741 тест се преку: ИЈЗ – 229, ЦЈЗ Скопје – 32, МАНУ – 88, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 111, „Систина“ со PCR-метода – 204, Инфективна клиника – 7, ГАК – 30, ЈЗУ (рапид-тест) – 40. Досега во земјата се направени вкупно 365.599 тестирања на Ковид-19.
Согласно новите податоци, статистиката на активни случаи во скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 732
• Гази Баба – 1.690
• Аеродром -1.556
• Карпош – 1.416
• Центар – 1.249
• Кисела Вода – 1.481
• Ѓорче Петров – 1.022
• Бутел – 587
• Шуто Оризари – 194
• Студеничани – 59
• Сарај – 175
• Арачиново -22
• Илинден – 311
• Сопиште – 68
• Чучер Сандево – 102
• Петровец –116
• Зелениково -105
• Странец – 257
• Нераспределен – 165
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1
Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.
Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката.
,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пи-ар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар. Горан Герасимовски
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Од оптината појаснуваат дека согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, како што додаваат, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.
Македонија
Мицевски се сретна со францускиот амбасадор: Фокус на борбата против корупцијата и реформите
Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди.
Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите.
Македонија
„Авиончето на браќата Рајт“ отвори расправа: СДСМ ја прашува Сиљановска зошто со колегите од Европа не разговара за платите
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со потребата од нов, поголем владин авион.
Од СДСМ велат дека претседателката најчесто летала со владиниот авион -13 пати, а притоа не соопштила колку тие летови ги чинат граѓаните.
„Сите тие сакаат да се луксузираат на грбот на народот, ништо не им е доволно големо, ништо не им е доволно. Само за платите на работниците кога ќе стане збор, тие се доволни, никако да ги покачат. 600 евра минимална плата за нив е премногу, авионите им се мали“, велат од партијата.
СДСМ тврди дека лет со владиниот авион може да чини и до 40 илјади евра, и дека комерцијален лет во економска класа е значително поевтин.
„Кој претседател досега воопшто ја отворал темата за големината на авионот? Ги праша ли Гордана Сиљановска нејзините колеги претседатели што мислат за тоа што македонските работници имаат најниски плати и во Европа? Што мислат за тоа што минималната плата во Македонија е најмала во регионот? Или што животниот стандард на македонските граѓани е најнизок? За тоа не и се зборува за Сиљановска, само за луксузи и авиони“, велат од СДСМ.
Претходно денес, претседателската Гордана Сиљановска-Давкова рече дека владиниот авион е стар 25 години, купен на старо, и дека според неа треба да се размислува за набавка на нов, но поголем авион.
Говорејќи по свеченоста во Институт за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, таа во деминутив го нарече „владиното авионче“, посочувајќи дека нејзини колеги претседатели од регионот го нарекувале „авиончето на браќата Рајт“, бидејќи е најмало и најстаро.
Сиљановска-Давкова изјави дека користењето на владиниот авион понекогаш овозможува пофункционално извршување на државните обврски и дека може да биде и поевтино од комерцијалните летови. Сепак, додаде дека не е пријатно што авионот е стар 25 години и купен на старо.

