Македонија
Ќe зазелени просторот меѓу Жданец и Трнодол

Започна уредувањето на аголот т.н. „чатал“ меѓу улицата кои ги двои населбите Трнодол и Жданец. Овој јавен простор од 400 м2 ќе прерасне во уредена зелена површина.
Службите на Општина Карпош започнаа со подготвителните активности за чистење и рамнење на теренот. Поради поволните временски услови, овој период ќе бидат засадени и нови дрвја, а на пролет ќе се засади нова тревна површина, украсни растенија и ќе биде поставен систем за наводнување.
Овој простор со години делуваше неуредено, со прашина и често претставуваше површина за паркирање или одлагање на шут.
Иако во изминатата година се ширеа лажни вести и информации дека на овој простор ќе „никне“ нова зграда, локалната самоуправа опстојува на определбата за планско уредување и раззеленување на јавните површини.
„Фокусирани сме да го надоместиме зеленилото во урбаното јадро, кое во изминатите години беше најпогодено од непланската урбанизација“, соопшти општината. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).