Култура
Најдобриот европски филм „Уште една тура“ на репертоарот во кино „Милениум“

Од денеска (17 декември) филмот „Уште една тура“ во режија на Томас Винтерберг се наоѓа на репертоарот на кино „Милениум“.
Филмот освои вкупно четири награди на Европските филмски награди, меѓу кои и главната за најдобар филм, за најдобар режисер, најдобар актер за Мадс Микелсен и за најдобро сценарио.
„Постои теорија дека треба да бидеме родени со мало количество алкохол во крвта и дека таа скромна опиеност ни ги отвора умовите кон светот околу нас, намалувајќи ни ги проблемите и зголемувајќи ни ја креативноста. Поттикнати од таа теорија, Мартин и тројца негови пријатели, сите изморени наставници, започнуваат експеримент во обид да одржат постојано ниво на опиеност во текот на работниот ден“, се наведува во соопштеието во однос на содржината на филмот.
Во прилог се наоѓа репертоарот на кино „Милениум“ за периодот од 17 до 23 декември.
ЧЕТВРТОК (17.12.)
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија:Pietro Marcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕ ЕДНА ТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
ПЕТОК (18.12.)
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија:Pietro Marcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕ ЕДНА ТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
САБОТА (19.12.)
13:00 | СЕМСЕМ (SamSam)
режија:Tanguy de Kermel
14:30 | ДОМАШНИ ЏУЏИЊА –ОПЕРАЦИЈА “КОЛАЧИЊА”
режија: Ute von Münchow-Pohl
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија:Pietro Marcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕ ЕДНА ТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
НЕДЕЛА (20.12.)
13:00 | СЕМСЕМ (SamSam)
режија:TanguydeKermel
14:30 | ДОМАШНИ ЏУЏИЊА –ОПЕРАЦИЈА “КОЛАЧИЊА”
режија:UtevonMünchow-Pohl
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија:PietroMarcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕЕДНАТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
ПОНЕДЕЛНИК (21.12.)
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија:PietroMarcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕЕДНАТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
ВТОРНИК (22.12.)
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија:PietroMarcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕЕДНАТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
СРЕДА (23.12.)
16:00 | МАРТИН ИДН (MARTINEDEN)
режија: PietroMarcello
18:30 | ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ (FRIENDSGIVING)
режија:NicolPaone
20:30 | УШТЕЕДНАТУРА (ANOTHERROUND)
режија:Thomas Vinterberg
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Изложба на Сашо Блажес „Нурни во мене“ во Куќата на Робевци

Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде отворена на 01 август со почеток во 20 часот, во Куќата на Робевци.
После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.
Изложбата го носи насловот „Нурни во мене“, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје.Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска.
Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германиј, Романија и Австрија.
Култура
Претставата „Приказната на Електра“ од Дејан Пројковски премиерно изведена во Јужна Кореја

Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации.
На 26 јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот театарски фестивал и привлече големо внимание на корејската културна јавност.
Станува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната визуелна естетика создаваат универзален сценски израз. Темите за семејството, насилството, меморијата и судбината се обработени низ емотивно концентрирана и визуелно изниансирана форма, својствена за естетиката на Пројковски и Димоски, веќе докажана на неколку меѓународни театарски проекти.
„Работата со корејски уметници беше вистински предизвик – не само поради јазикот, туку и поради нивниот прецизен и визуелно рафиниран пристап кон театарот. Но токму затоа, кога ќе успееш да се разбереш без зборови, сфаќаш дека темите што ги носи оваа претстава се навистина универзални. Тука престануваат да важат сите бариери и ограничувања што ни се наметнуваат во животот,“ – вели режисерот Дејан Пројковски.
Продукцијата е резултат на соработка помеѓу Театарската асоцијација на Јужна Кореја, Националниот театарски фестивал Инчеон и Артема – театарска лабораторија. Овој формат на копродукција овозможи вклучување на целосна корејска актерска екипа, селектирана преку национален кастинг, во која настапуваат признати имиња на локалната сцена: Ким Чоин, Ким Сеонг-ми, Чои Минхјок, Јанг Мин Ки и Ха Џин.
Авторскиот тим зад претставата е главно македонски: автор на текстот и драматург е Сашо Димовски, Сашко Костов (музика), Сергеј Светозарев (сценографија и видео-дизајн), Раде Василев (костимографија). Кореографијата е на Кјонг Џаеми Рјуи, дизајнот на светло на Џеонгсу Ли, а продукциското водство го потпишуваат Џинион Јун и Хје Јеонг Чунг. Асистент на режисерот е Мари Шин, а уметнички директор Џеонг Ву Сон.
„Ми значи што една ваква соработка и продукција покажува дека и во глобален контекст, македонските културни професионалци можат да бидат препознаени како партнери со висока естетика и став. Тоа не е чест случај, и токму затоа секоја ваква можност носи вредност и остава простор за идни соработки“, додава Пројковски.
Инаку, Дејан Пројковски е еден од нашите најнаградувани и најактивни театарски режисери. Неговите претстави „Ана Каренина“ и „Ричард Трети“ беа дел од јубилејната Театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Каренина“ досега има освоено над 40 награди, а „Ричард Трети“ доби Гран при на Фестивалот во Кишварда. Во неговото портфолио се вбројуваат и „Дон Жуан“ (награда за најдобра претстава во Хрватска), „Ромео и Јулија“ (највисока театарска награда во Турција), „Скупљачи перја“ во Српско народно позориште, „Мајка Храброст“ во Нови Сад, како и „Падот на Масада“, „Инферно“ и „Нема струја за електричниот стол“ во македонските театри.
„Приказната на Електра“ ќе гостува и во Македонија на 20 август, на свеченото затворање на фестивалот „Охридско лето“. По одекот што го постигна во Кореја, ова гостување претставува ретка можност домашната публика да ја доживее претставата во нејзината полна сценска и емотивна сила – токму онаква каква што беше препознаена и надвор од нашите граници.
Култура
Концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и на израелскиот пијанист Ваг Папиjан на Охридско лето

Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан.
Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната бр.9 A-dur оп.47 „Кројцер“.
Емир Имеров е роден во Скопје, а живее во Германија од 1991 година. Студира на Музичката академија во Вурцбург со професорот Г. Жислин во чија класа дипломира во 2000 година. За време на студиите освојува прва награда на натпреварот „Ф. Менделсон“ и добива двегодишна стипендија. Долг период настапува со квартетот „Виртуози на Санкт Петербург“ на турнеи во САД, Австралија, поранешен СССР и Германија. Во 1998 година со неговото клавирско трио освојува прва награда на натпреварот во Тулуз, а истата година тој е добитник на втора награда на натпреварот за виолинисти во Ташкент. Од 2004 година е концерт-мајстор на Симфонискиот оркестар на театарот во Крефелд-Минхенглајдбах и од 2010 година на ансамблот „Европски солисти“ во Луксембург. Член е на клавирското трио „Бенџамин“ заедно со Ваг Папиан и Александар Кагановски.
-Ова е мој трети пат настап на фестивалот „Охридско лето“, еднаш со виолинистот Максим Венгеров, вториот пат со нашето трио „Бенџамин“, и еве, вечерва повторно ќе свирам за одличната публика. Многу ми значи овој подиум затоа што „Охридско лето“ е еден од најреномираните фестивали во Европа и пошироко. Со колегата Папиан често настапуваме со нашето трио, но и како дуо, рече виолинистот Имеров.
Реномираниот пијанист и диригент Ваг Папиан кариерата ја започнува во 1979 година по победата на Меѓународниот натпревар „Виана да Мота“. Дипломира пијано на Московскиот конзерваториум, а потоа студира и диригирање во класата на Иља Мусин на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Во 1984 година станува асистент диригент на Ерменската филхармонија, а подоцна станува и уметнички раководител и шеф диригент на овој оркестар. Откако емигрира во Израел во 1990 година, како диригент работи со оркестарот во Бир Шива и со Симфонискиот оркестар во Ерусалим. Диригира со бројни оркестри низ светот, настапува на престижни фестивали, а како камерен партнер на виолинистот Максим Венгеров остварува бројни снимки за Еми Класикс. Во сферата на операта диригира продукции на „Кармен“, „Дон Џовани“ и „Норма“, а во моментот е гостин диригент во Националната опера во Ерменија и професор на академијата „Самуел Рубин“ во Тел Авив, а е гостин предавач на високи музички школи во неколку европски земји. Член е на клавирското трио „Бенџамин“.