Економија
ФИТР: Основан Стартап-совет кој ќе креира стратегија за брз развој на стартап-екосистемот
Фонд за иновации и технолошки развој за првпат во земјава формира Стартап-совет чија примарна цел е да ја претставува стартап-заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење ж политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот стартап-екосистем. Во ова советодавно тело ќе се обединат сите релевантни актери кои имаат удел во стартап-заедницата во Северна Македонија.
„Целта ни е да креираме краткорочна и долгорочна стратегија на ниво на држава и да ја искористиме експертизата на нашите партнери со цел брз развој на стартап-екосистемот. Во следните 90 дена овој Стартап-совет ќе работи на План за промена на политиките – ќе редефинираме што е стартап, ќе ги лоцираме проблемите, ќе работиме на предлог-решенија и законски измени, поедноставување на административните процедури, поголема едукација, отворање можности за вмрежување на македонските стартапи и развој на стратегија за социјално претприемништво. Истовремено создаваме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји кои на претприемачи од странство ќе им понудат можност да се преселат и да работат од овде. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи“, порача директорот на ФИТР, Коста Петров.
Претседател на Стартап-советот ќе биде вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Членови на Советот во оваа фаза се Анета Пешева од МАСИТ, Дејан Алексов од Стартап Македонија, Ѓорѓи Рафајловски, Стефан Митевски и Бистра Кумбаровска како претставници на стартап-заедницата кои ќе работат про боно. Стартап-советот останува отворен за сите кои ќе сакаат да се вклучат со свои идеи и да дадат конкретен придонес.
„Нашата заложба во МАСИТ е да ги задржиме младите и образовани кадри од информатичко телекомуникациските науки во државава. Се надевам дека со овој проект најмногу ќе им помогнеме на младите и талентирани ИТ-инженери кои ќе најдат причина да не ја напуштат државата“, изјави Анета Пешева, претседател на МАСИТ.
Дејан Алексов, претседател на Стартап Македонија и оперативниот директор на Технолошкиот парк – SEEUTechPark на Универзитетот на ЈИЕ Ѓорѓи Рафајловски очекуваат квалитетот и искуството на сите членови на Советот да даде силни решенија, особено во делот на „освежување” на регулативата која ќе биде во чекор со потребите на стартап-компаниите.
„Во изминативе 10 години активно работам на поддршка и развој на зелени и социјални бизниси и организации во регионот на Западен Балкан и глобално. Оваа иницијатива ја гледам како исклучително битна можност за што поголемо поврзување на македонските стартапи со мрежи, партнери и импакт инвеститори кои активно работат на ‘Целите за одржлив развој’ (SDGs). На тој начин, не само што ќе ја интернационализираме стартап-заедницата туку ќе позиционираме и една нова приказна за Северна Македонија, која сметам дека веќе се пишува од страна на многу нови бизниси, жени претприемачи или и социјални претприемачи“, порача Бистра Кумбаровска, менаџинг-партнер на компанијата Heartbeats Innovation & Communication со седиште во Виена и член на Советот.
„Овој совет го формираме за да докажеме дека големите промени се можни само ако сите заедно придонесеме да се случат. Затоа преземаме конкретни чекори кои ќе донесат резултат на подолг рок. Со влада која им е вистински партнер на младите луѓе во земјава, уверен сум дека ќе напредуваме и растеме заедно и дека ќе испишеме уште многу успешни стартап-приказни, не само овде, туку и на глобално ниво“, нагласи Петров.
Главна задача на советот е лоцирање на проблемите и предлог-решенија кои ќе одговорат на реалните потреби на претприемачите, односно стартапите. Советот ќе биде активен учесник во креирање на идните политики кои се однесуваат на овие компании, ќе предлага мерки насочени кон подобрување на организацијата на работењето на јавниот сектор и институциите, што ќе резултира во поедноставени процедури и поквалитетни јавните услуги, како и препораки за намалување на товарот и трошокот врз стартапите со интервенции во правната регулатива и законската рамка со цел полесен пристап до капитал и негова мобилизација. Целта на овие активности е раст на бројот на стартапи и позиционирање на земјата како стартап и регионален хаб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

