Свет
ИОМ: Треба да се обезбеди заштита и на мигрантите од пандемијата на Ковид-19

Оваа година бевме сведоци како пандемијата на Ковид-19 влијаеше на светот и значително ограничувајќи ја меѓународната мобилност. Истовремено, пандемијата на значително влијаеше и на животот на мигрантите. Некои мигранти се вратија во нивните земји на потекло поради глобалните рестрикции и се соочуваат со тешкотии при реинтеграцијата на пазарот на трудот. Многу сезонски мигранти исто така не беа во можност да работат поради ограничувањата за патување. Консеквентната загуба на дознаките од странство, заради Ковид-19, има катастрофално влијание врз животот и благосостојбата на безброј мигранти и нивните семејства во многу земји во светот. Меѓународните извештаи укажуваат на фактот дека во многу наврати мигрантите немале пристап до здравствена заштита и информации за превенција од Ковид-19. Случаи на ксенофобија, дискриминација и стигматизација се пријавени во многу земји, а дискриминацијата преовладувaла кога за мигрантите постела стигмата дека се носители на вирусот. Ова е случај, исто така, и со мигрантите кои се вратиле во нивните земји на потекло, кои биле стигматизирани бидејќи се сметало дека го носат вирусот со себе.
По повод Меѓународниот ден на мигрантите, генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Антонио Виторино, изјави дека „Човековите права не се ‘заработуваат’ поради тоа што сте херој или жртва, туку тие се право на секој, без оглед на потеклото, возраста, полот и статусот. Потребна е поддршка и заштита на мигрантите за да може тие целосно да придонесат кон нивното и нашето закрепнување. Како што вакцините стануваат достапни, на мигрантите, без оглед на нивниот статус, ќе мора да им се обезбеди правичен пристап. Глобалниот одговор кон Ковид-19 претставува можност повторно да стане реална човечката мобилност, да се спроведе визијата за Глобалниот договор за безбедна, уредна и регуларна миграција и да се создадат просперитетни, здрави и отпорни заедници. Ние, сите заедно, можеме да го оствариме тоа“.
На глобално ниво, бројот на меѓународни мигранти во 2019 година се искачи на 272 милиони, што претставува 3,5% од светската популација, 74% од сите меѓународни мигранти се на работоспособна возраст (20-64 години). Тажна реалност е дека во последните години се случија миграциски движења и раселувања во светот предизвикани од настани кои со себе донесоа големи страдања и трауми, како и загуба на човечки животи. За потсетување, на 18 декември 1990 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците мигранти и членовите на нивните семејства, усвојувајќи го овој ден како Меѓународен ден на мигрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.