Свет
Градот Сеул се извини за смртта на заболен од Ковид-19 кој починал додека чекал болнички кревет

Локалната влада на јужнокорејската престолнина Сеул се извини откако маж на возраст од околу 60 години заболен со Ковид-19 починал чекајќи болнички кревет, објави Си-ен-ен.
„Градот Сеул изразува длабоко сочувство за пациентот кој починал додека чекал дома за болнички кревет. Чувствуваме голема одговорност“, соопшти владата.
Од таму додаваат дека од почетокот на декември поради зголемувањето на бројот на пациенти и преоптоварување на административниот и медицинскиот систем, имало тешкотии во распределбата на кревети.
Починатиот маж добил позитивен тест на Ковид-19 на 12 декември откако неговата сопруга имала позитивен тест претходниот ден. Тој пријавил благи симптоми, кои вклучуваат чешање во грлото.
Бидејќи човекот пријавил само благи симптоми, тој „бил со низок приоритет“. За него бил побаран кревет на 12 декември, но не бил примен. Два дена подоцна, на 14 декември, тој пријавил потешки симптоми.
Додека го чекал креветот, човекот починал.
Заклучно со вчера, 227 заболени со Ковид-19 во Сеул, на кои им треба хоспитализација, чекаат повеќе од еден ден да бидат примени во болница, според официјалниот службеник за здравство во градот Сеул, Парк Ју-ми.
Таа додаде дека бројот на пациенти кои чекаат за кревет значително се зголемил во претходните неколку денови.
Парк рече дека градот работи на проширување на бројот на достапни кревети, како и за зголемен надзор на пациентите кои чекаат кревет од дома.
Во цела Јужна Кореја, пак, 496 лица моментално чекаат болнички кревет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.