Македонија
(Видео) Шилегов: Oд ДПМНЕ се неми пред градските политики кои ги креирам, па напаѓаат со лаги
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска ги демантираше информациите кои против него ги изнесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на тоа дека плаќал околу 10.000 евра годишно за консултантски услуги од неговата адвокатска фирма.
„Очигледна е безидејноста, очигледен е стравот, очигледна е немоќта на ДПМНЕ да одговори на новите градски политики кои јас ги креирам во изминативе три години и чии резултати се од ден на ден се повидливи и добро прифатени од граѓаните. Кога е таа структура во прашање тргнуваат кон креирање на лаги, на манипулации. Денеска од страна на портпаролот беше искажана една голема лага да се прикаже дека јас како градоначалник сум го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги“, рече Шилегов кој додаде дека уште како пратеник во Собранието има склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое го плаќа него.

„Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна“, додаде тој нагласувајќи дека откако е градоначалник ниту еден денар од градската каса не е влезен во неговото адвокатско друштво.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

