Македонија
Почна обуката на медицински сестри за унапредување на примарната здравствена заштита
Министерството за здравство и Светската здравствена организација поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ).
Обуката е изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година. Двата модули работилници траат до 30 декември, а останатите модули ќе продолжат во 2021 година.
Медицинските сестри Миреја Санчез и Рос Брајар ги водат обуките. Миреја е регистрирана медицинска сестра во Шпанија, со работно искуство во различни здравствени средини и во наставната дејност. Рос е регистрирана медицинска сестра во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиното искуство е главно во патронажната и наставната дејност.
Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и вештините на медицинските сестри и акушерките од примарната здравствена заштита за да можат да придонесат на најделотворен можен начин кон спроведување на новиот модел на примарна здравствена заштита во Северна Македонија.
Краткорочните цели на програмата се да се подигне нивото на знаење и практични вештини на учесниците и да се придонесе кон нивниот континуиран професионален развој.Северна Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во согласност со Декларацијата од Астана.
„Овој процес го продолживме за време на двата национални форуми за здравствена заштита на ПЗЗ во 2019 и 2020 година.Примарната здравствена заштита е клучна и повеќе од потребна е интервенција за подобрување на квалитетот, континуитетот и севкупното спроведување на здравствените услуги“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

