Свет
Потпишан меморандум за заедничко истражување на руската и британската вакцина

Центарот „Гамалеј“, „Астра зенека“, Рускиот инвестициски фонд и компанијата „Р-фарм“ потпишаа меморандум за соработка во областа на борбата против коронавирусот, пренесува агенцијата „РИА новости“.
Претходно, директорот на Центарот „Гамалеј“, Александар Гинзбург, објави дека во блиска иднина ќе почне заедничко истражување за вакцината против коронавирусот „спутник 5“ и на вакцината на „Астра зенека“.
Доколку британски и руски научници успеат да ги комбинираат своите вакцини така што ќе го максимизираат одговорот на имунолошкиот систем, тоа ќе биде одлична вест за целиот свет бидејќи постои причина зошто вакцината на „Оксфорд“ толку долго се чека.
„Астра зенека“ вети дека ќе ја продава својата вакцина на непрофитна основа сè додека трае пандемијата, па една нејзината доза ќе чини само четири долари. За споредба, една доза вакцина на „Фајзер“ чини 20 долари, а на „Модерна“ дури 34 долари. Затоа вакцините на „Астра зенека“ може да бидат единствената опција за инокулација на сиромашните земји.
Исто така, за разлика од вакцината на „Фајзер“, која мора да се замрзне на минус 70 степени, што ја отежнува нејзината дистрибуција, а во случај на најсиромашните земји тоа е практично невозможно, вакцината на „Астра зенека“ може да се чува во обичен фрижидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
– Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.
Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен.
Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.