Забава
Шарлиз Терон на тренинг пред празничната недела

Шарлиз Терон во неделата попладне беше фотографирана во Беверли Хилс додека ја напушта салата во која редовно вежба.
45-годишната актерка со својот „порше макан“ излегуваше од паркинг-објект во непосредна близина на нејзината локација за вежбање.
Оскаровката минатата недела разговараше со „Харперс базар Арабија“ и во интервјуто таа откри дека 2020 година ја обликувала како личност во услови на пандемија на Ковид-19 и промена на социјалното море по убиството на Џорџ Флојд.
„Првото нешто што ми паѓа на ум е колку самозадоволно сум живеела во општество каде што системскиот расизам е жив и здрав“, изјави актерката од „Атомска русокоса“.
„Не станува збор само за непотребната употреба на сила од страна на полицијата и воопшто полициската бруталност, туку и за една поширока слика за тоа како сите живееме во систем што е поставен да ги чува афроамериканските луѓе на место каде што е невозможно да живеат со целосен потенцијал како индивидуи“, вели таа во интервјуто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Моника Белучи уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка

Моника Белучи го посети Филмскиот фестивал во Таормина и уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка, и тоа бројка што апсолутно ништо не значи.
Прославената актерка Моника Белучи со секое ново појавување докажува дека е единствената кралица на стилот и елеганцијата. Иако неодамна го промени својот имиџ, таа ја задржа титулата најубава.
Иако има 60 години, на нејзиниот изглед би ѝ завидувале жени неколку децении помлади, а Моника блеска на секој чекор во внимателно избрани модни изданија.
Овој пат таа избра црн фустан од тантела, кој совршено ја следи линијата на телото и има благи набори. Моника сега беше малку попровокативна отколку што сме навикнати од неа.
Целиот изглед го надополни со високи црни чевли на платформа и со чанта убедувајќи ги сите уште еднаш дека тајната лежи во едноставноста.
Забава
Магичен еликсир од вашата кујна што ја зајакнува вашата коса и ја прави побујна

Овој магичен еликсир од вашата кујна не само што ја зајакнува вашата коса туку го исполнува и вашиот дом со божествени, топли, билни мириси, што ќе ги обожавате.
Рузмарин – миризливата тајна за бујна, здрава коса
Освен што предизвикува хаос во печените компири, рузмаринот е полн со активни состојки, како цинеол и камфор, кои буквално ќе ви ја разбудат главата од зимскиот сон!
Овие природни супстанции ја стимулираат циркулацијата, ги зајакнуваат фоликулите и го забавуваат опаѓањето на косата. Со редовна употреба вашата коса ќе стане погуста, посјајна и пожива, како штотуку да сте излегле од салон!
Како сами да направите магичен тоник дома?
Состојки:
3 свежи гранчиња рузмарин
1 литар вода
1 стапче цимет
Подготовка:
Извадете ги листовите рузмарин од гранчињата.
Во тенџере загрејте ја водата до вриење, потоа намалете ја температурата и додајте го рузмаринот.
Оставете да крчка 15-ина минути – водата ќе стане темна и миризлива како СПА-третман во шише!
Процедете и истурете во шише со распрскувач.
Додајте едно стапче цимет за дополнителен поттик и топол мирис.
Како се користи?
Кога ќе ја измиете косата, испрскајте го тоникот директно врз прамните. Направете мини масажа со прстите – не мора да го правите тоа како во фризерски салон, туку оставете да дејствува барем една минута. Ова им помага на активните состојки длабоко да се апсорбираат и да ја направат својата магија.
Не се плакне! Остава благ, освежителен мирис и не ја мрси косата – идеално за секојдневна употреба.
Забава
(Фото) Како принцеза, таа повторно блесна на црвениот тепих…

Актерката Скарлет Јохансон се појави на премиерата на филмот Jurassic World Rebirth во Лондон, а за таа пригода блесна во розова креација.
Една од најубавите русокоси се појави во блескава тоалета од дизајнерката Вивиен Вествуд, а малку е да се каже дека совршено ги истакна сите свои облини.
Скарлет, која е позната по својот софистициран вкус за мода, комбинира светкаво розов фустан со сребрени додатоци, а косата ја стилизира на наједноставен можен начин – во ретро стил.
Што се однесува до шминката, таа се одлучи за пастелни тонови, кои дополнително ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.