Свет
(Видео) И Фаучи ја прими вакцината против Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни заболувања, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против Ковид-19. Фаучи ја прими вакцината заедно со други здравствени лица, кои го надгледуваа нејзиниот развој.
Фаучи беше вакциниран во Националниот институт за здравство (НИХ), каде што работи како директор за алергии и заразни болести, во предградието на Вашингтон. Тој ја прими вакцината, која заеднички ја развија НИХ и американската фармацевтска компанија „Модерна“, која беше одобрена за употреба во итни случаи минатата недела. Тогаш им изјави на новинарите дека е исклучително важно што вакцината се прима за помалку од една година по откривањето на вирусот.
„Она што го гледаме сега е кулминација на долгогодишното истражување што доведе до феномен кој е навистина невиден“, рече Фаучи.
Вакцинацијата е дел од поширокиот напор на владата за зајакнување на довербата на јавноста во безбедноста на две вакцини против Ковид-19, кои неодамна ги одобри Администрацијата за храна и лекови за итна употреба.
Со вакцината на компанијата „Модерна“ и слични вакцини развиени од „Фајзер“ и „Бионтек“, САД се обидуваат да ја забрзаат најголемата кампања за вакцинација во својата историја, со цел да се надмине пандемијата на коронавирусот, во која најмалку 320.000 луѓе починаа само во Америка.
Двете вакцини обезбедуваат силна заштита и се развиени помалку од една година по појавувањето на вирусот и се сметаат за победа на науката, која е изградена врз основа на долгогодишно истражување финансирано од Националниот институт за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).