Забава
(Видео) Документарец за тајванскиот готвач Андре Чијанг на „Нетфликс“

Кога во октомври 2017 година прочита дека тајванскиот готвач Андре Чијанг ќе го затвори својот истоимен ресторан во Сингапур, режисерот Џосаја Ен-џи реши да стапи во контакт со Чијанг и да праша дали може да ги документира последните денови на ресторанот со две Мишелин-ѕвезди.
Чијанг, кој сега има 44 години, се согласи не знаејќи дека резултатот ќе биде целовечерен документарец со наслов „Андре и неговото маслиново дрво“. Филмот првпат беше објавен во Тајван на 21 август, а сега се емитува на „Нетфликс“ и ќе се појави во кината во Сингапур на 14 јануари.
Овој 104-минутен филм не се фокусира само на Чијанг, од снимки на кои тој им кажува на вработените за затворањето на ресторанот „Андре“, туку и на неговите последни неколку месеци таму и враќањето на Тајван.
„Бев многу заинтригиран… Сакав да откријам и да го прашам: зошто го затвора својот ресторан кога објектот добро се снаоѓаше во тој момент. Мислам дека тоа е централното прашање што се обидуваме да му го поставиме во целиот документарец“, објаснува сингапурскиот режисер.
Џосаја Ен-џи вели дека постои сличност меѓу Азијците во тоа што се опседнати со резултатите и имаат цел да бидат совршени во сè што прават – вклучително и самиот тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.