Македонија
(Видео) Кузеска: По демантот од Чешка и Словачка, Николоски и Мицкоски да им се извинат на граѓаните
Амбасадорите на Чешка и Словачка јавно ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски и Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ги одработила Чешка и Словачка, како членки на ЕУ, да се спротивстават на блокадата на Бугарија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа рече дека пред само неколку дена и Данска ги дименатирала лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ дека го поддржала ветото на Бугарија.
„Студија на ЕУ го нотира Христијан Мицкоски како извор на лажни вести. На почеток на светската пандемија со вирусот Организацијата на Обединетите нации во земјата ги демантира Николовски и лажната изјава за процена на преземените мерки. Ова безобразно лажење на ВМРО-ДПМНЕ, олицетворени преку Христијан Мицкоски и Александар Николовски, е вистинското лице на оваа ‘фејк њуз’ партија. Неодговорноста на Александар Николовски ја девалвира и фунцијата пратеник во очите на нашите меѓународни партнери и поддржувачи“, рече Кузеска.
Според неа, најмалку што можат Мицкоски и Николовски е јавно да се извинат за изнесените лаги.
Дополнително, додаде Кузеска, Николовски треба да си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието.
„Недозволиво е вакво неодговорно однесување, пратеник да ги лаже своите граѓани. Граѓаните не заслужуваат лаги. Човек што свесно шири лаги, што го руши меѓународниот углед на државата, не може да се смета за нивни претставник“, рече портпаролката на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.