Македонија
(Видео) Андоновска: Соседните држави имаат вакцини против коронавирусот, ние последни ќе ги добиеме

Соседните држави имаат вакцини против коронавирусот, а Филипче нема ниту план, земјава последна ќе ги добие вакцините, обвини Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет. Во Србија стигна вакцината и почнува вакцинацијата, а тестови за корона може да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да почне вакцинацијата. Значи, кога речиси сите веќе набавија вакцини и почнаа со вакцинација против коронавирусот, Филипче не знае каде тера“, рече таа.
Прво, додаде Андоновска, Филипче рече дека вакцина против коронавирусот ќе имало на почетокот на следната година за потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се биде во март.
„Вчера веќе објаснува како Македонија била мал пазар, па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година. Нема одговори од надлежните за клучните прашања дали, кога и колку дози на вакцини навистина ќе има, како и тоа дали граѓаните ќе имаат избор од разните вакцините што веќе се употребуваат? Она што ни го кажува министерот за здравство е спротивно од онаа реалност за која постојано ни сведочат граѓаните“, рече Андоновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули, спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела, извести Царинската управа.
Во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се над 26 илјади парчиња стока со потпис на заштитени трговски марки. Во борбата со сериозен криминал, меѓу најзначајните случаи е заплената на 188,6 килограми марихуана – заедничка акција со царинските службеници на граничен премин Богородица. Воедно, на влез во државата мобилните царински тимови спречиja обиди за криумчарење на 21 илегален мигрант.
Само во текот на изминатите денови, при контроли на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 4 запленети се над 600 парчиња облека која не била пријавена со царинските документи. Воедно, при контроли на граничен премин Богородица, запленети се 27 штеки цигари без акцизни маркички, скриени во резервна гума на автомобил. Претходно, мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, како и обид за криумчарење на златен накит вреден 1,3 милиони денари, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Од таму истакнуваат дека мобилните тимови остануваат еден од клучните механизми за заштита на финансиските интереси и безбедноста на државата.
Македонија
Герасимовски: Концерт на Јанг Дади на 27 август во Паркот на франкофонијата, ги поканувам сите скопјани на добра музика

На 27 август, Центар ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи Јанг Дади што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19:00 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите центарци и скопјани коишто се останати во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.
„Ги поканувам сите скопјани, млади, семејства, пријатели и сите љубители на музиката да дојдат во Паркот на Франкофонијата и заеднички да уживаме во песните на Јанг Дади. Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна. Ве чекам во среда, на 27 август на музика што поврзува“, вели Герасимовски.
Македонија
Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и „Службен весник“ за побрзо објавување изгубени лични документи и вадење нови

Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализацијата на процесите и услугите за граѓаните кои треба да резултираат со побрзи и поефикасни услуги и заштеда на времето на граѓаните кога имаат потреба од услугите на МВР.
„Во таа насока со цел зголемување на ефикасноста и брзата размена на податоци меѓу институциите, Секторот за информатичка технологија при МВР изработи веб решение за размена на податоци за објавување на изгубени или украдени документи кои треба да бидат објавени во Службен весник.
Со ова решение, досегашната практика на размена на податоци помеѓу МВР и Службен весник по пат на електронска пошта се укинува и врз основа на потпишаниот договор помеѓу МВР и Службен Весник, преминува на националната платформа за интероперабилност.
Со овој унапреден начин на работа, Службен Весник на дневно ниво автоматски ќе ги презема пријавените изгубени или украдени документи, со цел нивно објавување за неважечки документи. По нивното објавување, МВР на ист начин, преку националната платформа за интероперабилност, автоматски ги презема објавените неважечки документи од страна на Службен весник и ги ажурира во интерниот систем, со цел граѓаните побрзо да извадат нов документ“, соопшти МВР.