Македонија
Во Македонија 14 починати и 627 новозаразени на 2.510 тестови
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 250, Куманово – 36, Дебар – 8, Штип – 12, Прилеп – 35, Тетово – 21, Струга – 6, Велес – 25, Битола – 25, Охрид – 21, Кавадарци – 31, Гостивар – 24, Гевгелија – 12, Струмица – 23, Крива Паланка – 8, Радовиш – 4, Кочани – 20, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 2, Берово – 13, Валандово – 6, Делчево – 5, Кратово – 1, Свети Николе – 6, Кичево – 7, Ресен – 4, Неготино – 14 и еден во Пехчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 644 оздравени пациенти од Скопје – 241, Куманово – 33, Штип – 25, Прилеп – 66, Тетово – 26, Струга – 44, Велес – 12, Битола – 29, Охрид – 51, Кавадарци – 2, Гостивар – 37, Гевгелија – 8, Струмица – 11, Крива Паланка – 11, Радовиш – 5, Крушево – 2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово – 5, Виница – 1, Кратово – 3, Свети Николе – 5, Кичево – 8, Ресен – 6 и еден од Неготино.
Починати се 14 лица, четворица пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58 години), еден од Куманово (52), четворица од Прилеп (82, 66, 78 и 71 година), еден од Струга (84), еден од Битола (74), еден од Охрид (59), еден од Кавадарци (56) и еден пациент од Гевгелија (80). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 34.417, активни 11.660
• Куманово 4.547, активни 567
• Дебар 598, активни 122
• Штип 3.226, активни 345
• Прилеп 4.027, активни 730
• Тетово 4.652, активни 951
• Струга 1.937, активни 348
• Велес 2.655, активни 557
• Битола 2.913, активни 677
• Охрид 2.266, активни 573
• Кавадарци 1.960, активни 569
• Гостивар 3.287, активни 632
• Гевгелија 1.089, активни 304 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 185 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.207, активни 637
• Крива Паланка 577, активни 114
• Радовиш 587, активни 125
• Крушево 155, активни 66
• Кочани 1.555, активни 264
• Пробиштип 436, активни 51
• Демир Хисар 229, активни 40
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 132, активни 16
• Берово 483, активни 77
• Валандово 288, активни 63
• Виница 432, активни 66
• Делчево 656, активни 224 (181 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 186, активни 23
• Свети Николе 1.022, активни 137
• Кичево 1.533, активни 267
• Ресен 606, активни 136
• Неготино 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.510 тестови се преку: ИЈЗ-704, ЦЈЗ Скопје-65, Авицена-229, Биотек-182, МАНУ-145, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Систина со PCR метода-162, лабораторија Лаор–25, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест)-752. Досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

