Забава
(Видео) „Нетфликс“ го откри сценариото за втората сезона на „Вeштерот“
„Нетфликс“ на „Твитер“ ја објави првата страница од сценариото за втората сезона на драмската серија The Witcher („Вештерот“), а во неа пишува за Гералт, нови ликови и едно мистериозно чудовиште.
Сценариото открива вознемирувачка сцена во која се вклучени три нови лика – Колин Коперклот, неговата сопруга Кира и нивната ќерка Меена – и детали за семејството што пристига во напуштено планинско село. Доцна е навечер, а гратчето е покриено со снег, без светла и без знаци на живот.
Тие се обидуваат да најдат засолниште во гостилница, каде што ги напаѓа чудовиште.
Продукцијата за втората сезона имаше проблеми со повеќекратни запирања поради позитивни случаи на Ковид-19 во екипата, а и повреда на Хенри Кавил за време на снимањето.
![]()
Втората сезона на „Вештерот“ се очекува да почне на „Нетфликс“ во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сè повеќе луѓе порано ги украсуваат новогодишните елки – експертите објаснуваат зошто
Сè повеќе луѓе ширум светот ги украсуваат домовите и новогодишните елки многу порано од вообичаено, а стручњаците за ментално здравје велат дека ова може да има значајни психолошки придобивки. Традицијата на украсување постепено се менува, особено по 2020 година, кога – според многумина – раното внесување празнично светло било единствен начин да се пребродат мрачните денови на пандемијата.
„Имаше толку многу темнина и анксиозност што ги вклучив светилките затоа што ми требаа. На сите ни требаа“, изјави тогаш една жена од Охајо за Cleveland.com.
Психологот Мелиса Робинсон-Браун вели дека е сосема очекувано луѓето да сакаат порано да се препуштат на празничното расположение.
„Луѓето жеднеат за среќа и радост“, објаснува таа.
Психологот Рајан Хаус ги охрабрува граѓаните да не се чувствуваат виновни ако сакаат рано да го украсат домот.
„Престанете со осудување. Ако тоа ве прави да се чувствувате добро, ова е годината да го направите“, вели тој. „Ако сте сакале да ја започнете празничната сезона уште во август – само напред и не чувствувајте срам.“
Според експертите, раното украсување може да разбуди убави детски спомени и чувство на носталгија.
„Украсувањето може да служи како потсетник на позитивни емоции и да помогне во спречување на стресот или анксиозноста“, вели психологот Ерлангер Тарнер.
Дополнително, и мирисите играат улога во обновувањето на спомените.
„Ако некој има празничен мирис што предизвикува позитивни емоции, самото негово присуство може да го подобри расположението“, наведува психологот Ребека Лесли.
Според познавачите, раното украсување може да поттикне и радосно исчекување – да нè потсети на моменти како семејни филмови, песни, печење колачи и празнични собири.
Забава
Во втората половина на ноември, 3 хороскопски знаци ги чека награда од космосот: парите ќе им се лепат, а бизнисот ќе напредува
Во втората половина од ноември три хороскопски знаци ќе почувствуваат награда од космосот – подобри финансии, напредок во работа и враќање на позитивната енергија која ја вложиле, пишува „Атма“.
Бик
Биковите по период на непредвидливи промени конечно влегуваат во фаза на стабилизација. Се наградува нивната доследност и трпение: можни се зголемени приходи, наплата на долг или нов деловен договор. Во односите добиваат признавање за својата лојалност. Емоционално – смирување, нови можности и чувство на сила и рамнотежа.
Рак
Раковите, кои долго давале повеќе отколку што добивале, сега добиваат благодарност и поддршка. Можни се подобрувања во домот, преселување или хармонија во семејството. На работа следат нови проекти, дополнителна заработка или признание. Можно враќање на стара шанса или личност. Емоционално – помирување и чувство дека енергијата конечно им се враќа.
Риби
Рибите по година на тешки лекции и работа на себе влегуваат во фаза на стабилност. Со директното движење на Сатурн, проектите добиваат форма, а трудот им се признава. Во емоциите доаѓа мир и чувство на поддршка. Интуицијата им е силна, можни се значајни „случајности“ и пресврти. Финансиски – подобрување, решавање долгови. Главната награда е духовното олеснување и обновената рамнотежа.
Забава
Шакира позира со синовите на црвениот килим во Холивуд
Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.
Семејството прошета на црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во беспрекорно координирани виолетови комбинации воодушевувајќи ги сите присутни.

Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.
Нова песна за филмот
Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот, наречена Zoo.
Новото продолжение на популарниот филм Zootopia 2 доаѓа во кината во целиот свет на 26 ноември.
фото: ЕПА

