Македонија
Поради доаѓањето на иселениците, ќе бидат отворени паркинзите во училиштата во Гостивар

Бидејќи капацитетот на јавни паркиралишта во Гостивар не ги исполнува потребите за време на престојот на иселениците во родниот крај, исто како и во изминтатите две години, општинските основни и средни училишта и годинава ќе ги отворат портите и ќе овозможат нивните паркинзи да служат како бесплатен јавен паркинг, соопштија градските власти.
„Ова се прави со цел да им обезбедиме на нашите сограѓани подобри услови за време на својот престој во татковината“, се наведува во соопштението.
Општина Гостивар апелира до возачите за време на престојот на иселениците, а што се поврзува и со престојните празници, да го редуцираат движењето со возила во централниот дел на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Инвестиции во централното ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции се со цел подобрување на условите.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека училиштето е подготвено за новата учебна година при што во изминатиот период направени се доста инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.
За таа цел, за подобрување на квалитетот на часовите и подобрување на образовниот процес, набавени се шест интерактивни (електрични) панели, извршена е целосна санација на подовите на горниот кат, извршена е целосна реконструкција на тоалетите. Исто така извршена е обнова и санација на училишната просторија така наречена медијатека, која се користи како просторија за медиумски клуб. Во надворешниот дел од училиштето извршено е хортикултурно уредување на просторот, известува Општината.
Градоначалникот Георгиевски додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.
Македонија
(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé потешко, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.
Тој нагласи дека додека владата ги користи своите ПР трикови за да прикаже дека во државата добро се живее, реалноста е поразителна- граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и платите.
„Реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат. Инфлацијата е 4,8%, секојдневно растат трошоците и реалноста е дека се живее сè потешко“, рече Филипче.
Говорејќи за животниот стандард, Филипче нагласи дека минималната синдикална кошница, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, секој месец урива нови рекорди.
„Во јуни 2024 година, минималната синдикална кошничка изнесуваше 60.325 денари, а во август минатата година надмина 61.199 денари. Денес, после една година таа достигна 65.507 денари. Тоа значи дека во периодот откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 4.300 денари. Во исто време, минималната плата е зголемена за само 1.800 денари. Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните, рече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат.
„Премиерот Мицкоски се фали со бројки за „раст на платите од 11, 12 или 13%“. Но, да ги погледнеме реалните бројки. Реалната плата, онаа што ја покажува куповната моќ на граѓаните, во јуни порасна само 3,8%, а пред една година со мерките на СДСМ растот беше 11%. За прв пат после долги години имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец – тоа беше случај во јуни“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце Ѓеорѓиевски да не победи уште во првиот круг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа Левица не можеше да најде ниту еден друг кандидат и никој друг не се нафати за кандидат за градоначалник за Скопје, па затоа го кандидираа пратеникот Амар Мециновиќ.
Го прашуваме Мециновиќ со оглед на тоа што Димче Апасиев бараше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се кандидати за градоначалници да си поднесат оставка дали Мециновиќ ќе си поднесе оставка од пратеник бидејќи е кандидат за градоначалник“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.