Свет
Трамп бара специјален совет за истрага на изборите во ноември
Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека е потребно да се назначи специјален совет за истрага на наводно наместените избори што се одржаа во земјата на 3 ноември, на кои победи противникот на Трамп, демократот Џозеф Бајден, пренесува ТАСС.
„Откако ја видов огромната измама со гласачите на претседателските избори во 2020 година, не се согласувам со некој што смета дека не е потребен силен, брз и фер специјален совет веднаш. Ова беа најкорумпираните избори во историјата на нашата земја и тој мора да внимателно да ги истражи!“, напиша Трамп на „Твитер“.
Претходно, „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп се залага за назначување специјални совети за да ги испитаат неговите тврдења за изборни измами поврзани со гласањето во ноември, како и да почнат истрага за синот на избраниот претседател Џо Бајден, Хантер.
„Државниот јавен обвинител, Вилијам Бар, во понеделникот рече дека не гледа причина да се назначи специјален совет за истражување на обвинувањата против Хантер Бајден или за изборните измами велејќи дека верува оти истрагата за синот на новоизбраниот претседател Џо Бајден се водела одговорно и професионално“, напиша ВСЖ.
На 14 декември Електроскиот колеџ на САД ја потврди изборната победа на Џо Бајден. Демократот доби 306 гласа, а актуелниот претседател Доналд Трамп обезбеди 232 гласа. Со 538 електори, кандидатот треба да добие 270 електроски гласа за да биде избран на претседателската функција во САД.
Трамп не го призна поразот и водеше немилосрдна борба за оспорување на резултатите поднесувајќи мноштво тужби за нерегуларности и за измама на гласачите во голем број клучни држави. Правните битки на Трамп не успеаја да добијат никаква основа и беа отфрлени од државните судови, како и од Врховниот суд на САД.
Инаугурацијата на Бајден ќе се одржи на 20 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

