Македонија
Здруженијата за заштита на животните алармираат за ново масовно труење кучиња во Битола
Невладините организации алармираат за ново масовно труење на кучиња во Битола. Според нив, во изминатите два дена во 14 населби било фрлено големо количество отров и затруени се голем број кучиња, а едно се бори за живот.
„Членови на здружението за заштита на животните ‘Мали херои’ од Битола и Фондацијата ‘Бибевски’ испративме претставка и кривична пријава со спроведен записник до СВР Битола и Основно јавно обвинителство Битола, во кое бараме во согласност со со Кривичниот законик да се спроведе казна за фатен сторител на дело“, соопштија од здружението.

Според нив, труењето на бездомните животни и опасноста од расфрлање отрови и отровни материи на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се сретнуваат и неопходно е да им се стави крај.
„Апелираме на граѓанска одговорност, совесност и свесност во вакви случаи веднаш да се повика полиција и се пријави делото. Очекуваме темелна истрага од полицијата зашто фрлањето отрови е опасно за сите и прашање на време е кога нечиј живот ќе биде загрозен. Потсетуваме дека отровот има еднаква раздорна моќ за 5 минути да убие и дете. Апелираме дека оној што на ваков начин убива животни, не е стабилна личност и е опасност за секого.
Потсетуваме и дека овие дејства се забранети со закон и претставуваат кривични дела по членовите 218 – загадување на животната средина, 232 – внесување опасни материи во земјата, 233 – мачење животни, 234 – тешки дела против животната средина и можеби најважно 288 – предизвикување општа опасност од Кривичниот законик, за кои може да се добие казна затвор од 6 месеци до 10 години“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

