Македонија
(Видео) Мицевски: Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Заев и да не го потпишува законот за „Макпетрол“
„Штетниот и криминален закон за ‘Макпетрол’, во износ од 33 милиони евра., со кој Зоран Заев му ги дава на олигархот кој е сопственик на ‘Макпетрол’, со денешното шверцерско носење покажува колку е штетен. Целата процедура за негово носење од страна на владејачкото мнозинство, седници до утринските часови, покажуваат дека, единствено со овој закон Зоран Заев прави криминал“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова за Македонија“ во Собранието.
Според него, за Зоран Заев е небитно што нема пари за поддршка на тутунарите, оризопроизводителите, за социјалните случаи, но важно е да му подари 33 милиони евра на „Макпетрол“.
„Важно е овие 33 милиони евра, пари на граѓаните, да се проневерат со закон, а не како што е процедурата, со спогодба, сè со цел Зоран Заев да се заштити и да не одговара за овој штетен договор.
Заев знае дека тоа што го направи е нелегално и дека за тоа ќе има одговорност. Затоа ги натера пратениците со закон да му го легализираат криминалот. ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот беше против овој закон и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин се обиде да спречи негово донесување, но оваа криминална власт си го донесе преку своето кревко мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на државата, Стево Пендаровски, барем еднаш да не му биде слуга на Зоран Заев и да не го штити криминалот на оваа ненародна власт и да не го потпишува законот за спорот помеѓу државата и ‘Макпетрол’. Тутунарите, невработените и семејствата што настрадаа од корона-кризата треба да знаат дека за нив нема грижа од државата затоа што Заев реши да му даде пари на ‘Макпетрол’ наместо да решава проблеми. И сосема на крај, исклучително лажна вест е информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала носењето на овој штетен закон“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

